Стискате бубулици? – Погледнете што всушност и правите на вашата кожа!

Долгорочно, проблемот со стискањето бубулици не исчезнува, туку може да се влоши и да остави лузни на вашата кожа, па дури и да се предизвика инфекција.Акните и бубулиците се јавуваат во неколку облици и величини: митисери, бубулици со бел врв, меки црвени топчиња и поголеми црвени поткожни бубулици. Какви и да се вашите бубулици, секако дека ќе ве натераат да дојдете во искушение да ги стиснете, но треба да го избегнувате тоа за доброто на вашата кожа!
Да се поедностават работите, акните се формираат кога себумот – природната маснотија на кожата, не е во можност да продре на површината на кожата па останува заробена под неа.
Во некои случаи, може да дојде и до нарушување на процесот на изумирањето на клетките во површинските слоеви на кожата. Тоа доведува до прекумерно лупење на кожата, чии микропарчиња можат да продрат и во каналот на порите на лојната жлезда и физички да го спречуваат нормалното ослободување на лојот.

 

На тој начин, излачувањата се собираат во кожата, во внатрешноста на блокираниот канал, создавајќи поволни услови за развој на бактеријата Propionbacterium acnes која инаку се наоѓа во кожата, но под овие услови таа неконтролирано се размножува. Со стискањето на бубулицата, вие толку силно го истискувате лојот надвор, што тој ќе ви ја оштети кожата.
Притоа, бактериите од површината на кожата се пренесуваат во внатрешноста на бубулицата, што може да предизвика инфекција и црвенило. Резултатот на таквата „инвазија“ се трајни дамки и дупки.
Затоа, дозволете ерматологот да ви биде сојузник во војната против бубулиците. Доколку не сакате да одите на третмани, барем прашајте за совет како да се борите против бубулиците.Акните и бубулиците се јавуваат во неколку облици и величини: митисери, бубулици со бел врв, меки црвени топчиња и поголеми црвени поткожни бубулиц

Пронајдете не на следниве мрежи: