Стивен Хокинг е медицински феномен

Пред повеќе од 50 години лекарите откриваат смртно заболување кај Стивен Хокинг . За тоа време тој постигнал светска слава, станал еден од најголемите астрофизичари на современоста, одгледал деца и дури престојувал во бестежинска состојба. Како е можно ова?Годинава Стивен Хокинг го прослави 72-от роденден. Научникот продолжува да го предводи Центарот за теоретска космологија во Кембриџ и да дава идеи кои го восхитуваат научниот свет, да издава популарни книги, да води активен општествен и дури семеен живот, а пред неколку години – да го оствари еднниот од најголемите соништа – да ја искуси бестежинската состојба .
Како успеа да ја доживее оваа возраст и да ја зачува активноста и покрај тешката болест?
Латералната амиотрофична склероза (АЛС) му беше поставена како дијагноза пред половина век. Денес, научникот за жал, е нераскинливо врзан со неговата инвалидска количка, а од 1985 година тој може да разговара само преку компјутер и посебен софтвер кој ги чита движењата на еден мускул на неговиот образ и на неговите очи.
Латерална амиотрофична склероза е поврзана со прогресивната дегенерација на моторните неврони на централниот нервен систем. Причините за болеста остануваат непознати, но болеста ги лишува мускулите од активноста и тие брзо атрофираат – настапува парализа.

Смртта обично настанува како резултат на откажување на респираторниот систем. Обично болеста се појавува кај луѓето на возраст од 40 до 60 години, но кај Хокинг таа е дијагностицирана уште на 21-годишна возраст и лекарите не му давале повеќе од две години живот.
Уникатниот случај со светски познатиот научник го коментирал и познатиот неврофизиолог и професор на Универзитетот во Пенсилванија, Лео Маклески.
„Овој случај сликовито покажува дека АЛС е исклучително разновидна болест и по одвивање и по манифестацијата. Обично по потврдувањето на дијагнозата болните не живеат повеќе од 2-3 години. Повеќето од нив живеат и подолго, но ретко како Хокинг”, вели Маклески.
Времетраењето на животот на болниот од АЛС се определува од развојот на деградацијата на моторните неврони, работата на дијафрагмата и невроните на мускулите кои го контролираат голтањето. Така, кај дел од заболените запира дишењето, а кај друг дел му се оневозможува на организмот да го добива потребното количество храна и вода.Годинава Стивен Хокинг го прослави 72-от роденден. Научникот продолжува да го предводи Центарот за теоретска космологија во Кембриџ и да дава идеи

Пронајдете не на следниве мрежи: