Стивен Хокинг, еден од најголемите умови на денешницата, но и личност која цел живот се бори со тешка болест на моторните неврони, наспроти сите животни маки секогаш оди напред.Дали мислите дека некој може да ви даде подобар совет за депресија од него?
На предавањето за црните дупки на Кралскиот институт во Лондон, Стивен Хокинг од интересен агол ѝ пристапи на темата депресија која е проблем кај голем број луѓе низ светот.
Како метафора за борбата со овој проблем ги искористил, очекувано, црните дупки во вселената, додека зборувал за тоа како ги надминал тешкотиите со кои се сретнал во животот.
-Пораката на ова предавање е дека црните дупки и не се така црни како што се претставени. Тие не се повеќе бескраен затвор како што порано се сметаше. Работите може да излезат од црните дупки надвор и да преминат во друг универзум. Па, ако се почувствувате како да сте во црна дупка, не откажувајте се, постои излез – заклучил славниот научник.
Хокинг не само што е брилијантен научник чиишто откритија го разбранија научниот свет од сите страни, туку поседува и силна волја. На 21 година му била дијагностицирана болеста на моторните неврони, а лекарите не му давале повеќе од две години живот.
Меѓутоа, професорот Хокинг не само што преживеал уште многу, многу години, туку направил и големи откритија, пишувал книги, држел предавања и така продолжил да ги инспирира луѓето низ светот.
Логично е дека вреди да се послуша неговиот совет затоа што и во најцрните моменти само треба да се сетите дека секогаш постои излез!Дали мислите дека некој може да ви даде подобар совет за депресија од него?
На предавањето за црните дупки на Кралскиот институт во Лондон,