Светски признатиот професор по физика предвиде дека селекцијата на Англија тешко дека ќе забележи некој значаен резултат на Мундијалот.Хокинг, кој е автор на книгата „Кратка историја на времето“, заклучи дека топлината и влагата нема да им бидат сојузници на избраниците на Рој Хоџсон.
Со очигледно шеговит тон, тој рече дека „Гордиот Албион“ ќе има некакви шанси, ако во мечот против Уругвај им суди некој европски арбитар „кој тешко дека ќе биде измамен од театралните падови на Луис Суарез“.
Во ист хумористичен тон, тој рече дека има формула за традиционалниот проблем на Англичаните при изведувањето на пенали.
„Ех, да можев ова да му го шепнам на уво на Крис Водл пред моментот кога ја испрати топката во орбитата во 1990 година, во полуфиналето на Мундијалот против Западна Германија. Статистиката е јасна – смести ја топката во левиот или десниот агол. Вистина е дека нема статистика за тоа дали казнениот удар треба да го изведат леваци или деснаци, но секако дека оние без коса, или оние проќелавите ќе имаат повеќе шанси“, заклучи Хокинг во потполно монтипајтонски стил и додаде дека причината за тоа засега е „голема научна мистерија“.Хокинг, кој е автор на книгата „Кратка историја на времето“, заклучи дека топлината и влагата нема да им бидат сојузници на избраниците