СТИВЕН ХОКИНГ ПРЕДУПРЕДУВА: Овие 3 нешта ќе го уништат човештвото!

Стивен Хокинг можеби е познат по своите научни истражувања за црните дупки и гравитациската сингуларност, но исто така, редовно го предупредува човештвото за опасностите кои му се закануваат.„Physics astronomy“ издвои три нешта за кои Хокинг изјави дека ќе доведат до крајот на човештвото.
Вештачка интелигенција
Хокинг е дел од мала, но растечка група истражувачи коишто се загрижени поради „силната“ вештачка интелигенција – интелигенција која би можела да ѝ парира и да ја надмине онаа на човекот.
„Развојот на вештачката интелигенција би можел да значи крај за човештвото“ – јасен е Хокинг.
Минатиот месец, Хокин, Муск и многу други научници и технолози потпишаа отворено писмо во кое предупредуваат за опасноста на вештачката интелигенција.
„Поради големиот потенцијал на вештачката интелигенција, важно е да се истражи како да се искоритат предностите, а избегнат потенцијалните опасности“.
Писмото го објави Future of Life Institute, волонтерска организација која настојува да ги намали заканите за опстанокот на човештвото. Но, бројни научници и стручњаци коишто ја развиваат вештачката интелигенција, велат дека не сме ни блиску до тоа за да можеме да направиме доволно „паметна“ интелигенција. Засега.
Човечка агресивност
Хокинг смета дека агресијата би можела да го уништи човештвото. Додека заедно со Адаезе Ујанва шетале низ Природонаучниот музеј во Лондон, оваа 24-годишна учителка го запрашала научникот: „Која човечка маана би сакале да ја смените?“
„Агресијата. Можеби беше корисна во времето кога живееме во пештери. За да добиеме повеќе храна, зазедовме поголема територија или освоивме посакуван партнер, но сега агресијата се заканува дека сите ќе нѐ уништи.“ – одговорил Хокинг. На пример, една голема нуклеарна војна би ја докрајчила цивилизацијата, а би можела и да ги избрише луѓето од оваа планета, додал Хокинг.
Вонземјани
Уште во 2010 година, Хокинг истакна дека ако навистина постои интелигентен вонземјански живот во вселената, не би сакале да го сретнеме.
„Ако вонземјаните некогаш нѐ посетат, мислам дека исходот ќе биде сличен на оној кога Кристифор Колумбо дошол во Америка, што не испадна добро за Индијанците. Напредната вонземјанска цивилизација би можела да стане номадска, а тие патници веројатно би сакале да ја поразат и колонизираат секоја планета што ќе ја посетат“ – анализира Хокинг и продолжува: „Ако е така, има смисла да ја искористат секоја нова планета како материјал за изградба на што е можно повеќе вселенски бродови за да можат да продолжат понатаму. Којзнае до каде ќе одат границите?“
Исто така, Хокинг истакна дека истражувањето на вселената ќе биде значајна гаранција за опстојување на човештвото.„Physics astronomy“ издвои три нешта за кои Хокинг изјави дека ќе доведат до крајот на човештвото.
Вештачка интелигенци

Пронајдете не на следниве мрежи: