Шејла Фредерик летала од Сиетл до Сан Франциско кога забележала млада, малку неуредна девојка која патувала заедно со елегантно облечен маж. Тогаш сфатила дека нешто не е во ред. Шејла (49), која работи за Аљаска ерлајнс, проценила дека девојката има 14- 15 години и никако не можела да сфати што така неуредна девојка работи во друштво на добростоечки маж.
„Нешто ми велеше дека не е во ред. Тој беше убаво облечен и тоа е она што ме трогна бидејќи е можев да сфатам што бара со неа“, рекла стјуардесата.
Кога се обидела да разговара со нив двајца мажот веднаш станал сериозен, додека девојката не сакала да учествува во конверзацијата. Шејла потоа ѝ оставила порака на девојката во тоалетот од авионот, на што таа подоцна одговорила: „Помогнете ми“.
Стјуардесата веднаш потоа ги известила пилотите за целата ситуација кои ја повикале полицијата на Сан Франциско. Човекот е уапсен веднаш по слетувањето на авионот.
Вработените во американските авио- компании од 2009 година се обучуваат да препознаат знаци на трговија со луѓе. Вообичаените знаци се избегнување разговор или контакт со очи.
„Стјуардеса сум веќе со години и често се враќам во времето пред обуката. Тогаш помислувам дека сум видела голем број момчиња и девојчиња на кои им била потребна помош, а тоа не сум го ни знаела“, заклучува Шејла Фредерик. Шејла (49), која работи за Аљаска ерлајнс, проценила дека девојката има 14- 15 години и никако не можела да сфати што