„Сигурно се прашувате дали ние стјуардесите имаме секс со пилотите? Одговорот нема да ве шокира: Секако дека имаме!“„Верувајте ми, секакви работи се случуваат на 12.000 метри“, открила една хрватска стјуардеса која веќе четири години работи за позната светска авио-компанија и зад себе има стотина летови по целиот свет.
Атрактивната хрватска стјуардеса детално ги опишала тајните, искуствата и бизарните детали од своите летови од кои некои се навистина шокантни.
Ова е нејзината исповед:
„Готово на дневна база сведочиме за секс во авион. Иако е забрането, луѓето редовно имаат секс на 12.000 метри. И тоа не само во тоалетот од авионот. Овие кои имаат секс во тоалетот не се никаков проблем. Доста пати досега морав да предупредувам парови при долги интерконтинентални летови кои, често во пијана состојба, премногу се опуштале на нивните седишта. Зарем луѓето навистина мислат дека ако се покријат со ќебе дека не се забележува како девојката орално го задоволува дечкото? Иако во близина има и деца. А уште и кога паровите ќе почнат да стенкаат, онака пригушено, луѓето околу нив се прават дека ништо не забележуваат.
Секогаш сме во некој друг град, со некои други луѓе и колеги. Веќе неколку пати имав секс со пилоти и главно ми беше фантастично и возбудливо. Последен пат тоа беше по летот за Бангкок и тоа беше нешто сосема ново за мене. Летот беше удобен, без турбуленција и инциденти. Се чекирав во хотел во Силома, дел од Бангкок познат по ноќниот живот. Секако, не можев долго да спијам, а во еден момент пилотот ми прати порака и ме повика на пијачка во близина на хотелот. Веднаш ми беше јасно што сака, но го прифатив повикот. Тој беше доста постар од мене, јас тогаш само што наполнив 30, а тој имаше околу 45.
Долго веќе работеше како пилот и неброено пати беше тука. Ме одведе во улица во Силома која врие од ноќно клубови, главно со Тајланѓанки кои танцуваат на сцена со броеви на себе. Седнавме во најмрачниот дел и нарачавме неколку пијачки. Тој ѝ даде знак на девојката со број 37 да дојде на нашата маса и почна да игра за нас. Тоа беше само почеток…
Пилотот предложи да се вратиме во хотелот, а на девојката ѝ го кажа името на хотелот и бројот на собата. На нашиот кат тој ме фати за рака и ме однесе во својата соба. Се согласив и наскоро на вратата се појави убавата млада Тајланѓанка.
Таа ни се придружи во кревет, всушност ми пријде, додека пилотот седеше во фотелјата покрај нас и нѐ гледаше. Бев пијана и во тој момент ништо не ми беше необично. Само се препуштив. Тој подоцна се придружи и главно ми се посвети на мене, додека девојката беше помеѓу нас. Беше неверојатно. Траеше неколку часа, а за среќа утрешниот лет беше доцна навечер па успеавме да се наспиеме. Тоа беше само една од многубројните авантури во мојот живот како стјуардеса.
Тоа се убавите страна од мојата работа.
Што се однесува на турбуленциите, слободно можам да речам дека тоа ми е најомилен дел од патувањето. Тогаш е најмирно. Сите се во страв, а ние можеме малку да одмориме од иритантни патници. Страв од паѓање на авионот? Го немам. Едноставно не размислувам за тоа, ова е мојата работа и сѐ што ми се случува е дел од неа..“„Верувајте ми, секакви работи се случуваат на 12.000 метри“, открила една хрватска стјуардеса која веќе четири години работи за позната