Кога принцот Чарлс и Дајана Спенсер се венчале во далечната 1981. година, никој не можел ни да помисли дека нивниот брак ќе биде несреќен.Неизглед совршениот брак имал многу проблеми, кои дури подоцна излегле на виделина, но една од главните пречки на нивната среќа била љубовта на Чарлс од младоста, Камила Шанд.
По раѓањето на нивните синови, Чарлс повеќе не се ни обидувал да ја крие врската со Камила, а и самата Дајана имала љубовници.
Во едно интервју на “BBC”, на прашањето на новинарот дали ја обвинува Камила за нивните проблеми, Дајана одговорила:
“Во тој брак сме тројца, малку е тесно”.
Во биографијата на принцезата, Ендру Мортон го пренел “еден од најхрабрите моменти во нејзиниот живот”, односно првиот разговор со Камила.
“Знам што се случува меѓу тебе и Чарлс, сакам да сте свесни за тоа. Жал ми е што ви стојам на патот, ова сигурно е вистински пекол за вас двајца, но немојте да правите будала од мене”, и кажала тогаш Дајана на Камила.
“Имаш се што сакаше од секогаш. Сите мажи на светот се заљубени во тебе, имаш две прекрасни деца, што уште сакаш”, ја прашала Камила.
“Својот сопруг”, одговорила Дајана.
Кралскиот пар се развел во 1996. година, а во 2005. принц Чарлс се оженил со Камила. Иако е омажена за Чарлс, таа како негова втора жена нема право на титулата принцеза од Велс. Неизглед совршениот брак имал многу проблеми, кои дури подоцна излегле на виделина, но една од главните пречки на нивната среќа била љубовта на Чар