Што бараат девојките во врската?

На сите ни е добро позната изреката Жените не знаат што сакаат, а и факт е дека вистинскиот проблем е тоа што тие се комплицирани. Затоа дознајте што треба да направите за да имате успешна врска.

Почит
Без почит нема ни љубов. Жените најмногу од сѐ бараат да бидат почитувани од својата посилна половина бидејќи почитта е знак дека некого вреднувате како човек пред сѐ останато.
Внимание
Она нешто кое на секоја жена без исклучок ѝ е потребно во врската за таа да биде среќна е вниманието. Можеби звучи малку сурово, но реалноста е таква што вниманието „купува“ сѐ.
Секс
Можеби звучи површно и бесчувствително за некои, но во најголем број случаи вистината е дека врската не може да опстои без секс. Како една од основните човекови потреби, сексот е витален дел од секоја врска, но кога е жената во прашање сексот е многу повеќе од тоа.
Романтика
Која жена нема да се воодушеви кога ќе види постела од рози, милион свеќички кои совршено ја осветлуваат собата и ќе ја слушне нејзината најубава балада која свири во позадина? Романтиката не е неопходно потребна секој ден, но одвреме-навреме, секоја жена сака да биде романтично изненадена.
Комуникација
Жените обожаваат да зборуваат. Сѐ што се случува, сѐ што чувствуваат, сѐ што им се мота низ глава, eдноставно мора да се изјаснат и да кажат што им лежи на душа, а покрај себе сакаат некој со кој може да ги споделат тие моменти. Сакаат да слушнат дека се убави, сакаат да слушнат дека се сакани, сакаат да слушнат дека мажите ги гледаат сите оние нешта кои тие ги прават за нив.
Посветеност
Жените имаат потреба да почувствуваат дека нивниот маж се залага за врската, дека таа му е важна и тој е подготвен да направи сѐ што може за таа да биде убава и здрава.
Забава
Хуморот, шегите и насмеаните лица се оние кои ја прават врската убава.
Предизвик
Жените сакаат покрај себе некој кој ќе ги предизвикува и возбудува, некој кој ќе ги мотивира да бидат повеќе и подобри, некој кој е расположен за промени и авантури.

Радио станици на Пулс24

Пронајдете не на следниве мрежи: