Што барал убиецот пред да ја убие Тијана?

Што барал убиецот пред да го изврши убиството?Осомничениот за убиството на Тијана Јуриќ,  Драган Ѓуриќ, кој е во полициски притвор, вечерта пред страшното злосторство ја барал посмртницата од неговиот татко, пишува српски „Новости“.
Заран Марковиќ, жител на населбата „Север“ вели дека таа вечер го сретнал Драган.
-Го сретнав тој ден, 25 јули околу 9:30 часот. Изгледаше потполно нормално и прашуваше за мојот син Горан со кој се дружеше во детството. Рече дека поради наследство дошол да извади посмртница од неговиот татко Јове, но не успеал тоа да го направи бидејќи било викенд. Одби и кафе и пиво, му понудив и да преноќи кај нас, но и тоа го одби, раскажува Зоран Марковиќ, поранeшен сосед на убиецот.

 
Неговите соседи од детството се во шок и тие за него велат дека во детството бил мирен и повлечен, а потоа прераснал во проблематично момче но никогаш не направил некој поголеми инциденти.
-Во комуникација со нас беше коректен, но многу често пред неговата куќа забележувавме полиција. Знаеме дека бил заминат за учи некој занает во Сомбор, но не сум сигурна дека го завршил. Не сакаше многу да работи, постојано го менуваше работното место и мислам дека едно време работел и во Суботица, додала Вукица Маријановиќ која живее во близина на неговата куќа.Осомничениот за убиството на Тијана Јуриќ,  Драган Ѓуриќ, кој е во полициски притвор, вечерта пред страшното злосторство ја барал посмртницата

Пронајдете не на следниве мрежи: