Што бараше Љубе Бошкоски на средба со техничкиот министер Спасовски?

Политичарот осуден за криминал Љубе Бошковски, денеска е забележан во зградата на МВР, каде остварил средба со техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски од СДСМ.За што разговараа денес во канцеларијата на министерот, генералниот секретар на СДСМ Спасовски и осудениот за криминал Бошкоски? Ваквата средба на министер во МВР со осуденик е во најмала рака скандал, за кој одговор на јавноста ќе и должат двете страни.

Бошкоски издржуваше петгодишна затворска казна, а беше осуден за случајот „Кампања“ за нелегелно финансирање на изборната кампања. Од затвор за ова дело беше ослободен на 3-ти јуни годинава. Лидерот на Обединети за Македонија со првостепената пресуда беше осуден на единствена затворска казна од 7 години, која подоцна му беше намалена на Апелација.
Бошкоски беше осомничен дека пречекорувајќи ги своите законски овластувања, како претседател на политичката партија , во периодот април-јуни 2011 во три наврати противправно прибавил парични средства во износ од 130.000 евра заради финансирање на политичка кампања на партијата.

-Од преземените мерки и активности утврдено е дека пријавениот во три наврати и тоа во месец април (10.000 евра), мај (20.000 евра) и на 6.6.2011 (100.000 евра) во Скопје остварил средби на кои ги примил горенаведените парични средтсва за финансирање на активностите и афирмацијата на политичката партија „Обединети за Македонија“. Љ.Б. гипримил паричните средства спротивно на одредбите од Изборниот законик, иако знаел дека примањето на парите не е во согласност со Законот за финансирање на политичките партии и Изборниот законик, информираше тогаш МВР за акцијата „Кампања“.
Бошкоски остана особено запаметен во јавноста откако во медиумите се појавија и видео снимки на кои јасно се гледа како Бошковски договара промена на името  за што добива финансиски средства наменети за финансирање на политичката кампања.
Еве како се пазареше Љубе Бошковски за да дојде до финансиски средства за политичката кампања.
За што разговараа денес во канцеларијата на министерот, генералниот секретар на СДСМ Спасовски и осудениот за криминал Бошкоски? Ваквата средб

Пронајдете не на следниве мрежи: