Што бојата на очите зборува за мажот?

Следниот пат кога мажот ќе го погледнете во очи, обратете внимание на бојата на неговите очи.Очите се огледало на душата! Најчести се кафените очи, па по нив следат сините, а најретки се зелените.
Сини очи
Било да се пастелни или пак интензивно сини, оваа боја на очи се поврзува со младост и невиност. Момците со темно сини очи се страствени, а оние со светло сини очи се со малку помирна природа. Воопшто, луѓето со сини очи се помалку агресивни и имаат ниско ниво на самодоверба. Но тоа не значи дека се послушно, баш напротив овие мажи сакаат да флертуваат и имаат добро разработени стратегии. Момците со сини очи сакаат девојки со сини очи.
Кафени очи
Овие момци се нежни, верни и посветени. Имаат високо ниво на самодоверба и одлучни се. Можеби не е случајно што голем број на успешни и богати мажи имаат кафени очи.
Зелени очи
Момците со ваква боја на очи се многу ретки. Имаат силна енергија и зголемено либидо. Зелените очи укажуваат на спонтаност. Бидете подготвени со овие мажи да поминете незаборавни моменти.
Медова боја очи
Ретка боја на очи, која варира помеѓу зелена и кафена, зависно од светлината, а кај некои зависно и од расположението. Станува збор за отворени личности. Бидете подготвени за авантура, затоа што овие личности сакаат да пробуваат нови работи и предизвици.Очите се огледало на душата! Најчести се кафените очи, па по нив следат сините, а најретки се зелените.

Пронајдете не на следниве мрежи: