недела, 29 ноември 2026
Најново

Што чувал Бин Ладен во својот компјутер?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Што чувал во својот компјутер најбараниот терорист на светот кого безбедносните служби го бараа цела деценија и кој е одговорен за бројни напади ширум светот? На големо изненадување во неговиот компјутер се пронајдени „Том и Џери“ како и инструкциони видеа за хеклање.Американската Централна разузнавачка агенција вчера објави многу податоци од местото каде Осама бин Ладен се криеше, а каде американските специјалци го пронајдоа и ликвидираа во 2011 година.
-Денешното објавување на писма, видеа, аудио снимки и други материјали на Ал Каеда овозможува увид во функционирањето и плановите на оваа терористичка организација, истакнал директорот на ЦИА Мајк Помпео.
Покрај некои ужасни снимки од убивање на затвореници, Бин Ладен на својот компјутер имал чудни комбинации од „Том и Џери“ до видеа за хеклање.
Во компјутерот имал и холивудски филмови, а пронајдена е и снимка од интернет хитот „Чарли ме гризна на прст“.Американската Централна разузнавачка агенција вчера објави многу податоци од местото каде Осама бин Ладен се криеше, а каде американските специјалц

Поврзани вести