Што да облечете кога е ладно времето? Ова најмногу ќе ве стопли

Кога надвор температурата е во минус, има ветар, дожд, снег и мраз, на човек просто му доаѓа да се натунта од глава до пети. Меѓутоа ако одберете неколку клучни парчиња облека, за тоа нема да имате потреба.Ова се клучни парчиња на облека, кои се потребни за да се стоплиме во ледените зимски денови. Најдобар совет е слоевитото облекување.
Елек
За да избегнете ефект на гломазен изглед, одлучете се за елек. Овој фин греач денес доаѓа во многу топли верзии. Освен тоа, на пазарот се достапни многубројни варијанти на елеци кои може да се носат под капут.
Неколку интересни хулахопки
Слоевитото облекување кое вклучува хулахопки и хеланки, ќе ви овозможи вашите нозе да бидат загреани, а постојат и машки хулахопки.

Долги ракавици
Долгите ракавици, ќе ги загреат вашите раце во текот на зимата. Тие се практично решение за зиморливите луѓе, кои тешко ги поднесуваат ниските температури.
Слоевит луксуз
Поткошула од кашмир, и покрај својата скапа цена, засекогаш ќе го промени вашиот живот во текот на зимските месеци. Облечете поткошула од кашмир и сигурно нема да осетите студ.
Топли чорапи за вашите стапала
Смрзнатите нозе тешко се игнорираат кога температурите се под нулата. Затоа, ваш најдобар пријател се волнени или чорапи од кашмир, кои ќе усепеат добро да ве загреат.
 Ова се клучни парчиња на облека, кои се потребни за да се стоплиме во ледените зимски денови. Најдобар совет е слоевитото облекување.

Пронајдете не на следниве мрежи: