Што да правите ако имате поткожни влакна?

Тоа им се случува и на мажите и на жените, а постои начин да се реши овој проблем.Прв совет: еднаш до два пати неделно правете пилинг на кожата, особено на оние места каде што имате најмногу поткожни влакна.
Пилингот можете да го купите или сами да го направите.
Редовните пилинзи помагаат во отстранување на поткожните влакна.
Втор совет: кога се туширајте, користете сунѓер или камен за триење петици. Тоа делува исто како пилинг, а не бара многу труд, како и пари за разлика од пилингот.
Трет совет: доколку влакното е веќе ураснато, пробајте да го извадите од кожата со топли облоги.
Три пати дневно на местото каде е влакното, ставете памучна крпа натопена во топла вода. Притиснете и држете пет минути. По ден или два влакното ќе излезе на површина.
Четврт совет: кога влакното ќе излезе, намачкајте ја областа околу со алкохол и со пинцета извадете го.Прв совет: еднаш до два пати неделно правете пилинг на кожата, особено на оние места каде што имате најмногу поткожни влакна.

Пронајдете не на следниве мрежи: