Ви ја пренесуваме колумната на Ненад Мирчевски – Што дознавме по Куманово? 1. СДСМ има свои безбедносни служби, кои функционираат паралелно со државните служби. Тоа беше потврдено директно од лидерот на опозицијата Зоран Заев. Истиот тој патолошки лажго што веќе извесно време не знае ни самиот кога лаже, а кога ја зборува вистината.
2. Терористите не се терористи сѐ додека не каже Западот, а свикарчите се борци за демократија сѐ додека свиркаат по нивни ноти. Од денес граѓаните на Македонија можат слободно да си свиркаат без око да им трепне.
3. Црпнатиот сака да влезе во Гинисовата книга на рекорди како најаболицираниот политичар во светот. По Бранко, сега честа да го вадат од затвор ја имаат амбасадорите на демократски развиените земји. Ќе успеат ли да го црпнат од затвор? Сепак, преголем е тој залак дури и за него.
4. Странци снимале во државата – тврдат опозициските медиуми, кои објавија дека службите на странците имале снимки од оперативци на УБК што комуницирале со терористите од Куманово. Не ги пуштија снимките, повторно треба да им веруваме на збор… Дали од жал за владата или поради потребата да се направи само извртување во јавноста на штета на службите и на државата изложувајќи го на ризик животот на припадниците на безбедносните служби. Не докажаа како и чии броеви прислушувале – на оперативците или на терористите? Сега народот може слободно да верува дека снимале странците, соросоидите нема да ги прават глупави и луди.
5. Странските служби, според опозициските медиуми, ја следела терористичката група, а според македонскиот државен врв никогаш не ни дале информации што би ни биле корисни за навремено неутрализирање на групата. Зошто?
6. Кучињата на војната се активираа откако пропаднаа бомбите на Заев. Крвожедните ќе одат до крај да ја исполнат целта. Веќе почнаа да јадат живи луѓе.
7. Нападот на Гошинце, сепак, не бил измислен и наместен од власта. „Професионалните“ медиуми, кои ја труеја јавноста во изминатиот период со нивните лажни тези, немаат проблем да глумат лудило и да го проголтаат и тој срам. Ако некој уште има сомнежи околу местенката кај Гошинце, нека се обрати кај странските служби – нели тие имале снимки.
8. Монструозноста на опозицијата излезе на површина во полно светло за време на акцијата во Куманово. Да бидеш брутален кон тој што го жртвува животот за тебе не е само одвратно и нечовечки, туку и болно. „Независните“ стручњаци и новинари ова може да го сметаат како врв во својата кариера.
9. Кучињата на војната дејствувале и се подготвувале за крвави напади врз македонските граѓани (и вмровци и сдсмовци, и Македонци и Албанци, Турци, Власи, Срби…) во периодот додека кучињата на Заев ја гаѓаа полицијата со метални цевки и со тули. Случајно или не? Оценете сами.
10. Заев немаше проблем да се самофотографира со лица што го загрозуваа животот на полицајците, но имаше проблем да ги посети ожалостените семејства на полицајците-херои. Зошто, не може да ги погледне в очи?
11. На протестите на опозицијата се собраа 2.000 луѓе, кои повредија 37 полицајци, на протестите во државата за поддршка на безбедносните служби излегоа повеќе од 70.000 граѓани. Немаше ниту еден инцидент. Има ли потреба да се објаснува кој подготвува и реализира насилства? Што се однесува до бројката, опозицијата може само да ја сонува во следните децении.
12. Демократијата подразбира: шест амбасадори можат да сменат влада избрана од 500.000 граѓани на Република Македонија.
13. Власта приложи политички жртви за да спречи нови човечки жртви. Опозицијата жртвува луѓе за да принесе нови политички жртви.1. СДСМ