Што е Биткоин?

Во јавноста веќе многу често се говори и спомнува за Биткоинот, но малкумина знаат што навистина тој и претставува. ПУЛС24 реши за своите читатели да го расветли овој феномен.
 Биткоинот е валута основана во 2009 година од Сатоши Накамото. Ова е најверојатно псевдоним, затоа што досега ваков човек не е познат во јавност.
Трансакциите со оваа валута се извршуваат директно, односно без банки како посредници, кои земаат процент за секоја трансакција.За трансакциите кои се одвиваат на ваков начин нема провизија и можете да ги извршувате анонимно.
Се повеќе трговци во светот, поради ова го прифаќаат овој начин на плаќање. Па може да се купи од коли до хотелски сервиси, како и храна и облека…
Зошто Биткоин се прашувате?
Првенствено затоа што се се одвива анонимно, се плаќа брзо и ефикасно и пред се не сте врзани со регулатива на некоја земја или банка. На пример на кредитните картички имате на секое плаќање мал процент кој оди за банката. Во овој случај тоа не постои. И е мошне погодно за малите бизниси.
Биткоинот може да се купи на берза, посебни берзи кои се наменети токму за криптовалути на кои се тргува секојдневно во милијарди долари. Но може да се купи и директно, без посредство на берза, доколку имате пријател или познаник кој ги поседува, и сака да ги продаде…
Биткоинот, доколку сте го купиле и го поседувате, понатака се чува во дигитален новчаник. Специјално дизајнирани апликации кои се 100 процентно сигурни. Тоа е всушност вашата виртуелна банка. Овој вака регистриран новчаник ќе ги чува вашите средства анонимно и никогаш не се поврзува со име. 
Поради сево ова државите имаат тенденција да се противат на оваа криптовалута. Бидејќи истата не можат да ја контролираат или да ја даночат. 
Но и покрај противењето таа несопирливо се шири насекаде и нејзината вредност несопирливо расте. Некои уште ја викаат и ДИГИТАЛНО ЗЛАТО..
Во моментов на пишување на овој текст вредноста на еден Биткоин е приближно 4900 долари. 
Па сте размислувале ли за криптовалутите? Сте читале ли на оваа тема? Познавате ли експерт од ова поле? После се имате ли отворени прашања?
 
 
 
 Биткоинот е валута основана во 2009 година од Сатоши Накамото. Ова е најверојатно псевдоним, затоа што досега ваков чо

Пронајдете не на следниве мрежи: