Што е КАРМА и како функционира?

За да престанете да се плашите и да почнете да го разбирате светот на кармата и реинкарнацијата, потребно е да познавате и одредени правила на кармата.Зборот карма е од санскритско потекло и означува акција. Таа е еквивалент на Њутновиот закон кој вели „секоја акција мора да има реакција“. Секогаш кога мислиме, говориме или дејствуваме, ние ја иницираме силата на реакцијата.
Оваа повратна мисла може да биде изменета или спречена, но многумина не се во состојба да ја неутрализираат. Тој закон на причина и последица не е некаква казна, туку постои заради учењето и развојот на човекот. Индивидуата не може да ги победи последиците на своите дела, но ќе им подлегне дури кога условите за нивното доаѓање целосно ќе созреат.
Игнорирањето на овој закон не носи никаква корист. За да престанете да се плашите и да почнете да го разбирате светот на кармата и на реинкарнацијата, потребно е да познавате и одредени правила на кармата.
-Големиот закон: „Што си посеал, тоа ќе си жнееш“. Ова е познато и како законот на „причина и последица“. Тоа значи дека каква и да е пораката што ќе ја испратиме во универзумот, ќе ни се врати. Ако сакаме среќа, мир, љубов, пријателство, тогаш треба да бидеме среќни, мирољубиви, вљубени и добар пријател.
-Закон на создавањето: Животот не се случува сам од себе, тој бара наше учество. Ние сме едно со Универзумот, одвнатре и однадвор. Се што не опкружува говори за нашата внатрешна состојба. Бидете свои, опкружете се со она што го сакате и гледајте тоа постојано да биде присутно во вашиот живот.
-Закон на скромноста: Она што одбивате да го прифатите, ќе се случи. Ако она што го гледате е непријател, или некој со особини што ги сметате за негативни, тогаш и самите не сте фокусирани на повисоко ниво на постоењето.
-Закон на развојот: Каде и да одиш, таму се наоѓаш ти. За да имаме духовен раст, ние сме тие што мора да се променат, а не другите луѓе и околината. Се што имаме во животот сме самите ние, и треба да имаме контрола врз себе. Кога ќе се промениме одвнатре, тогаш нашето срце и целиот наш живот ќе ја следат таа промена.
-Закон на одговорноста: Кога и да се случи нешто лошо во мојот живот, тогаш постои нешто лошо во мене. Ние сме одраз на она што е околу нас, а околината е пак, наш одраз. Тоа е универзална вистина. Мораме да станеме одговорни за својот живот.

-Закон на поврзаноста: Дури и кога она што го правиме ни се чини безначајно, многу е важно тоа да го направиме како што треба бидејќи се во универзумот е поврзано. Секој чекор води кон наредниот. Најпрво мора да се започне со нешто мало, за на крајот тоа да води до целината. Минато – сегашност – иднина, се е поврзано.
-Закон на фокусот: Не можете да размислувате за две работи истовремено. Кога нашиот фокус е на духовните вредности, тогаш нема да имаме ниски нагони како гневот.
-Закон на давање и примање: Ако верувате дека нешто е вистина, тогаш ќе дојде момент во животот во кој ќе морате да ја демонстрирате таа вистина. Во тие моменти, она што сметаме дека сме го научиле, го покажуваме во практиката.
-Законот на сега и овде: Доколку премногу гледаме во минатото, пропуштаме да бидеме сега и овде. Старите мисли, старите навики на однесување, старите соништа, сите тие не спречуваат да имаме нови.
-Закон на промените: Историјата не се променува се додека не ги научиме лекциите што ни се потребни за да го промениме својот пат.
-Закон на трпение и наградување: Секоја награда бара почетен труд. Наградите кои имаат трајно дејство бараат трпение и постојан труд. Вистинската радост настанува кога го правиме тоа што треба да го правиме, и дозволуваме наградата сама да дојде во своето време.
-Закон на значајност и инспирација: Секогаш ви се враќа тоа што сте го внеле во нешто. Вистинската вредност на нешто е директен резултат на енергијата и намерите кои се вложени во тоа. Секој личен придонес истовремено е и придонес на Целината. Делата на кои им недостасува светлина, немаат удел врз Целината. Делата кои во себе содржат љубов, ја поттикнуваат Целината и внесуваат живот во неа.Зборот карма е од санскритско потекло и означува акција. Таа е еквивалент на Њутновиот закон кој вели „секоја акција мора да има реакција&ldq

Пронајдете не на следниве мрежи: