Менструацијата за многу жени претставува мака, пред се поради болката која се чувствува непосредно пред и за време на овој период. Причина за болните контракции лежи во природата на менструалниот циклус.Имено, поради паѓање на нивото на прогестерон, на крајот на циклусот се ослободува поголема количина простагландини серија 2 (PG2), супстанци кои, меѓу останатите, го намалуваат протокот на крв низ матката што доведува до силни грчеви.
Но, не влијаат сите простагландини подеднакво на контракциите на матката, поради што соодветната исхрана може во голема мера да се намали појавата на несакани PG2.
За да се намали болката, се препорачува лесна исхрана сиромашна со месо, млеко, јајца и слатки, а истовремено богата со прехрамбени влакна, антиоксиданси и намирници кои обилуваат со омега – 3 масни киселини како риба и морска храна.
Медитеранската исхрана во овој случај се покажала исклучително квалитетна. Не само што организмот ќе добие хранливи и здрави состојки, туку ќе се намали и непријатната болка.Имено, поради паѓање на нивото на прогестерон, на крајот на циклусот се ослободува поголема количина простагландини серија 2 (PG2), супстанци