Од Центарот за јавно здравје во Скопје велат дека во септември кај нив биле пријавени 88 случаи на болни од варичела. Во октомври бројот на заболени пораснал на 196. Обично во овој период на годината има повеќе болни зашто децата се мешаат во градинките и во училиштата.Сезона на варичела
Овчи сипаници или варичела се шири главно меѓу децата што одат во градинка. Ги поминуваат едно по едно. Во текот на октомври повеќе од двојно се зголемил бројот на дечиња што ги прележуваат сипаниците, во споредба со еден месец претходно.
Инфектолозите очекуваат бројот на заразени и понатаму да расте. Во Македонија не се вакцинира против варичела, а како што објаснуваат лекарите, добро е да се прележи на помлада возраст и потоа да бидеш заштитен.
Сипаниците лесно се пренесуваат и кога немаат симптоми, а може да направат компликации, па затоа и не треба да се занемарува болеста. Паралелно со сипаници, во некои градинки и училишта се шират и вошки.
Од Центарот за јавно здравје во Скопје велат дека во септември кај нив било пријавено за 88 случаи на болни од варичела.
Во октомври бројот на заболени пораснал на 196. Обично во овој период на годината има повеќе болни зашто децата се мешаат во градинките и во училиштата. Во центарот нема пријавено дека одеднаш во некоја градинка се разболеле повеќето од децата.
Родителите реагираат дека ако некое дете имало сипаници во градинка, негувателките треба да ги информираат, за да знаат што ги чека и како да реагираат кога ќе се јават симптомите.
– Не знаев дека син ми го носи вирусот, а беше на роденден на кој имаше дваесетина деца, од кои сигурно некои веќе ги заразил. Сметам дека кога има макар и едно дете што има сипаници во градинка, другите родители треба да се информирани за да знаат и да бидат претпазливи како се однесуваат со околината – вели Тодор, родител на тригодишно дете.
Од Центарот за јавно здравје информираат и дека едно училиште во општината Чаир пријавило зголемен број на ученици што имале вошки.
Сипаници и вошки – детски болести
Надлежните од детските градинки сметаат дека е нормално сипаниците да се присутни меѓу децата. Велат дека тоа се тие детски болести што децата треба да ги прележат токму во тој период од животот.
Лена Спирова, директорката на детската градинка „11 Октомври“, во скопската населба Бутел вели дека пет-шест деца се заразени со големи сипаници, но засега состојбата не е алармантна.
Децата, пак, што ги посетуваат шесте клона на градинката „Срничка“ во Аеродром секој понеделник и петок се проверуваат дали имаат вошки или гниди.
„Се грижиме за околу 1.500 деца. Затоа контролите мора да бидат чести. Засега не сме нашле вошки кај некое дете. Во овој период немаме ниту појава на големи сипаници, но очекуваме бројот на заболени деца да се зголеми, зашто тоа е случај секоја година во зимскиот период“, додава Јоаким Димулков, директор на „Срничка“.
Извор.Нова МакедонијаСезона на варичела
Овчи сипаници или варичела се шири главно меѓу децата што одат во градинка. Ги поминуваат едно по едно.