Пензиската реформа е една од најзначајните социјални проекти во Република Македонија, која се спроведува со цел долгорочно и квалитетно да обезбеди финансирањето на пензиите.
Досегашниот пензиски систем беше организиран според принципот на тековно финансирање. Во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија се собираа придонесите од тековните вработени и од нив се исплатуваа сегашните пензионери.
Повеќестолбниот систем во суштина носи промени во основните принципи на функционирањето на пензиските фондови. Покрај постоечкиот, кој продолжува да постои и да функционира на принципот на тековно финансирање за да ги исплаќа пензиите на сегашните и идните пензионери, се воведуваат пензиски фондови засновани на принципот на капитално финансирање, во кои средствата се собираат и инвестираат со цел да ја сочуваат и зголемат нивната вредност и да бидат основа за исплата на дел од старосната пензија.
Повеќе може да дознаете на следниот ЛИНКПензиската реформа е една од најзначајните социјални проекти во Република Македонија, која се спроведува со цел долгор