Што е поважно, еден човечки живот, или една држава?

Кои се трите најактуелни зборови овие недела дена?… Путин, Обама и Крим, од време на време слушаме и за Украина. До пред една недела, до пред да финишира крвопролевањето, повеќе слушавме за Украина, сега некако како да стапија на сцена големите и секако најпаметни.Кои се трите најактуелни зборови овие недела дена?… Путин, Обама и Крим, од време на време слушаме и за Украина. До пред една недела, до пред да финишира крвопролевањето, повеќе слушавме за Украина, сега некако како да стапија на сцена големите и секако најпаметни. Е на оваа тема започнав разговор со моите колеги. На актуелната триаголник тема. Во триаголникот Украина е остриот агол, САД и Русија се борат за тоа кој ќе зафати повеќе степени на агломерот. Бидејќи им го решивме проблемот на Украинците, ги построивме и Путин и Обама, се вративме и на војната во 2001 во Македонија. Кога беше војната јас имав 10 години и немам јасни сеќавања, немам трауми, за среќа немам. Нема да продолжам да ги толкувам локалните и глобалните кризи туку сакам на нешто друго да се осврнам, на нешто за кое не ми се потребни премногу факти. Бидејќи фактите честопати знаат да бидат лажни, или делумно точни, затоа ќе се потпирам само врз здравиот разум.
Не сакам премногу да должам, за да можат и оние помрзливите да го дочитаат моето солење памет. Не сакам да станам здодевен, затоа уште веднаш ќе поставам хипотеза за која ќе си одржам монолог и ќе извлечам мој заклучок, кој ви ветувам дека ќе биде мирољубив и секој од вас нека си ја истолкува хипотезата како милува, но задолжително да се задржи таа мирољубива црта.   
Хипотезата решив да гласи: Што е поважно, еден човечки живот, или една држава?

Да да, знам, човечкиот живот е најважен нели, едногласни сме во ова. Но што вели праксата, кој е поважен? Суштината на нештата не сум сигурен дека вели така. Да се обидеме да стигнеме до некоја високоразумска и логична идеја која навистина ќе не убеди во тоа дека човечкиот живот е поважен и конечно човекот ќе стане поважен од државата, каде што и му е местото. Зошто го велам ова. Човекот најпрво е производ на природата, нагласувам, производ на природата и е многу, многу постар од државата. Всушност, возраста на човештвото не треба да ја споредуваме со возраста на постоењето на државата како облик на владеење. Државата е општествен производ, а не природен како човекот. Државата постои благодарение на човекот и таа е општествена појава од времен карактер. Од времен карактер, значи дека и пред неа луѓето опстојувале како дел од природата, и после неа би опстојувале. Некој голем ум, увидел дека доколку луѓето се стават во една држава и нивните односи бидат регулирани со право тие подобро ќе живеат. Но, државата како да ја злоупотребува привилегијата која и е дадена од луѓето. Луѓето се однесуваат како историски државата да ги создала нив, а не како тие да ја создале неа. Државата е создадена од човекот, тој може да ја отсоздаде.
Сега како да висам со монологот. Сакав да стигнам до овој стадиум на нештата за да преминам на главното. Врз основа на државата се појавуваат чувства, кои често пати се исфорсирани и фингирани, чувства, како национализам и патриотизам. Врз основа на овие чувства мажите гинат, а жените и децата страдаат. Значи дека човекот страда поради тоа што дозволил, нештото што тој го создал за да му служи, да преземе инцијатива и да го надвладее и да го доведе до стадиум на покорност, до стадиум до кој животот свој ќе си го цени помалку од животот на државата. Тоа е исто како да направиш некој робот за да ти го олесни животот, за подобро да живееш и со тек на време тој робот да те покори тебе за ти нему да му служиш.
Конечно, човековиот живот е производ на природата, а државата е општествена појава и е прозивод на човекот. Ако сето ова, вака како што јас сакам да го кажам го сфати секој еден потенцијален војник и ценејќи си го својот живот повеќе од државниот, одбие да се изложи на фронт, тогаш на големите елити кои ја управуваат државата, нема да им остане ништо освен мирно да управуваат со неа. Доколку нема војска, ќе нема кој да војува, а штом нема кој да војува тогаш човекот ќе се качи на едно, на две скалила погоре во цивилизацискиот развој.
Големи умови, бидете навистина големи, државите постојат 4 до 5 илјади години, а човештвото постои околу сто илјади години. Значи дека многу подолго постоело без држава. Почнете да го уважувате човечкиот живот, бидеќи државата без човечки животи ќе биде празна и нема да постои.
И така инспириран од случувањата во светот, јас само кажав едно мое мислење, кое сакам да го сублимирам во една реченица. Не се чукајте во гради дека сте Американци, Руси, Германци, Британци, Украинци, Корејци, Срби, Албанци, Грци, Македонци… чукајте се во гради дека сте луѓе!
Г. АнгелескиКои се трите најактуелни зборови овие недела дена?… Путин, Обама и Крим, од време на време слушаме и за Украина. До пред една недела, до пред да

Пронајдете не на следниве мрежи: