Трагедијата која денес го потресе целиот слободен свет беше примена со огромна тага за невините жртви кои под лудилото на радикалниот ислам ги загубија своите живот во напад на терористите на ИСИС.Писма со сочуство до народот на Белгија и семејствата на загинатите испратија сите светски лидери, остро осудувајќи го домашниот но и меѓународниот тероризам, со пораки дека дојдено е времето еднаш за секогаш да се стави крај.
Копирајќи ги светските политичари, но и еминентните домашни, Зоран Заев имаше очаен обид да изрази сочуство до народот во Белгија, сочувство кое ниту искрено го мисли и чувствува. Зоран Заев не знаеше и не можеше да искаже сочувство за семејствата на загинатите полицајци кои својот живот го положија за одбраната на неговата слобода и живот. Не знаеше и не можеше достоинствено да ја искаже својата почит кон припадниците на безбедносните сили кои секојдневно се справуваат со огромни закани од тероризам и насилство токму поради тоа што во неговата недоволно развиена интелектуална констелација тој не разбира дека изворот на проблемите во Македонија е токму тој заедно со неговата булумента соросоиди.
Наместо тоа, Заев веднаш по завршувањето на анти-терористичката акција во Диво Насеље заедно со Циц и Оливер Спасовски отидоа да се фотогрфираат, да прават селфи, да се смеат и да водат црна кампања на местото каде само што ден претходно негови сограѓани, чуварите на неговиот живот и слобода херојски го дадоа својот живот во одбраната на земјата. Заев, реши дека тоа не е така, и за него поважно беше да се фотографира со јатаците на терористите кои спремаа напади слични на оние денес во Брисел.
И, не само тоа. Зоран Заев континуирано во месеците пред и по Диво Насеље, организираше насилни протести во кои тешко беа повредени десетици полицијајци, организираше насилство и хаос по улиците со цел да го одвлече вниманието на полицијата и да обезбеди слободен простор за инфилтрирање на терористичките групации во Македонија. И денес изразува сочувство за Белгија? Тој, јатак на терористите од Куманово. Или пак, за него Белгија и сите останати земји ги чувствува за поблиски од сопствената татковина?
Писма со сочуство до народот на Белгија и семејствата на загинатите испратија сите светски лидери, остро осудувајќи го домашниот но и меѓународниот