Што е всушност поларниот вортекс што ја зафати Америка?!

Додека  го читате овој текст, температурите низ цела Америка драстично опаѓаат. Големиот студ ќе достигне и  неверојатни 50°С под нулата на некои места, поради што изложената кожа на само една минута ќе се смрзне.Со секој изминат час, сè поголем број на новински, телевизиски и информативни веб портали, неверојатно големиот студ го припишуваат на поларниот вортекс во северна Канада. Вортекс , да, но северна Канада? Баш и не.
Еден новинар ѕверот го нарече ураган во Арктикот, што е драмтично, но е и погрешно. Па, што всушност е ова мистериозно чудо, што ја освојува Америка?
Поларен вортекс е ветар што преовладува во Арктикот, кој постојано се движи околу Земјата во правец од запад кон исток. Вообичаено, вортексот  го одржува движењето на екстремно студениот воздух кон Северниот Пол, не дозволувајќи да се прошири кон југ. Повремено, кога силата на вортексот ослабнува, се овозможува  студениот воздух да се спушти преку Канада во САД, или во други региони како што се Источна Европа. Освен што носи студ, воздушната маса исто така може да ја истурка групата на ветрови појужно, кои што обично дуваат од Тихиот Океан во Америка. Во случај да оваа група на ветрови да се спротивстави, влажноста што ќе произлезе ќе предивика обилни врнежи на снег, услови кои според атмосферските научници ја  предизвикале бурата во Вашингтон во февруари 2010 и го блокирала целиот град.
Но, зошто вортексот заслабнал? Сè поголем дел од морскиот мраз на Арктикот се стопува за време на летните месеци. Колку што се зголемува количината на стопениот мраз, толку повеќе се затоплува Арктичкиот океан. Поголемиот дел од вишокот на топлина океанот ја зрачи во атмосферата во текот на зимскиот период, што придонесува за  пореметување на  поларниот вортекс. Според податоците добиени во последната декада, кога голем дел од морскиот мраз на Арктикот ќе исчезне во текот на летните месеци, вортексот има тенденција да ослаби во текот на последователната зима, ако слични атмосферски услови преовладат над северниот дел на Атлантскиот Океан.
Ситуацијата изгледа слично на онаа што е прикажана погоре на сликата.
Иако нивото на морскиот мраз во текот на летото во Арктикот варира од година во година, сепак од 2007 морскиот мраз почнал значителено да исчезнува и се прогнозирало дека ќе продолжи да се намалува и понатаму. Тоа би придонело за поголми неповолни услови за поларниот вортекс, и повеќе студени појави, што можеби звучи спротивно на глобалното затоплување, но не и за глобалните необјасниви климатски услови (global weirding), исто така познати како климатски промени.
 
Извор: Weather4all
 Со секој изминат час, сè поголем број на новински, телевизиски и информативни веб портали, неверојатно големиот студ го припишуваат на полар

Пронајдете не на следниве мрежи: