Сите понекогаш се загрижени за сексот. Дали ќе бидам доб(р)ар? Дали ќе ги задоволам високите стандарди на својот партнер? Дали ќе забремени? Во разни фази на врската ве загрижуваат разни прашања поврзани со сексуалноста.
Што ако не му се допадне моето тело? Ретушираните, извежбани и сончани тела на супермоделите поставуваат нови стандарди за убавина кои создаваат армии на незадоволни жени кои сакаат совршено тело. Но запаметете дека без обѕир на каков облик на телото имате, морате да го сакате, а вашиот партнер веројатно не ги ни приметува ситните недостатоци. Битно е како се чувствувате и дали зрачите, а помалку важно како изгледате. Што ако останам бремена или добијам некоја полова болест? Стравот од забременување и од полово преносливи болести се два најчести стравови кои се однесуваат за сексуалниот живот. Употребата на кондом во голема мерка ги намалува и двата стравови. Кондомите се во 98 проценти од случаите сигурни и делотрорни ако правилно се стават. За да бидете сигурни дека добро сте заштитени, секогаш после сексот проверете дали кондомот е пукнат или по некоја случајност нешто истекло од него. Што ако можеби не доживеам оргазам? Некои експерти се сложуваат околу тоа дека 80 проценти од жените не можат да доживеат оргазам само со пенетрација. Од друга страна, холивудските филмови прикажуваат сцени на секс во кој жените свршуваат во првите неколку минути со тоа создавајќи нереална слика, која сакале ние тоа или не, негативно влијае врз самодовербата. Но за оргазам на многу жени им е потребно многу повеќе од само пенетрација. Пробајте со стимулација на клиторисот, мастурбација, секси играчки. Ако сакате морате да најдете поза која највеќе ќе ви одговара. Што ако не ми биде добро? Сексот е уживање, забава, задоволство. Освен самата пенетрација, уживајте во бакнувањето, допирите и галењето. Ако вашиот партнер после неколку минути преминува на главната работа, речете му дека не треба да се брза и покажете му што сакате. Понекогаш ме привлекуваат девојки. Дали сум лезбејка? Често знае да се случи девојка да биде привлечена од друга девојка. Тоа не значи нужно дека имате хомосексуални склоности и дека сте геј. За многу жени сексот со друга жена е само дел од фантазијата, но тоа не значи дека имаат храброст или желба тоа исто да го повторат и во вистинскиот живот.Сите понекогаш се загрижени за сексот. Дали ќе бидам доб(р)ар? Дали ќе ги задоволам високите стандарди на својот партн