Со цел да се информираат граѓаните на Македонија за постоењето на проблемот од трговија со луѓе граѓанското здружение Отворена порта им ги презентираше можните ризици и индикатори од трговијата со луѓе на случајните минувачи на плоштадот во Скопје. Преку ова активност како дел од кампањата „Што гледаш?“ успеа да ги информира граѓаните на Скопје дека жртва на трговија со луѓе би можел да биде секој од нас и околу нас.Како дел од кампањата, Отворена Порта организираше информативен караван каде младите, кои се всушност најчести жртви на трговија со луѓе, на интерактивен начин беа запознаени со проблемот на трговијата со луѓе и како да се заштитат од истиот. Во текот на караванот, кој се одржа од 19ти до 27ми септември, беа опфатени повеќе од 450 средношколци од Тетово, Гостивар, Охрид, Струга, Куманово, Штип, Гевгелија и Скопје кои беа запознаени со овој проблем и охрабрени доколку бидат соочени со него да го пријават на бесплатната СОС линија.
Минатата година во Македонија од 6те лица кои беа идентификувани како жртви на трговија со луѓе 3 се малолетни а 3 возрасни лица. 5 од жртвите се со македонско државјанство а само 1 е со странско државјанство. 5 од нив биле сексуално експлоатирани а 1 била присилена на брак.
Кампањата цели да ги охрабри сите кои сакаат да се информираат за трговијата со луѓе и сите кои ќе се соочат со истата да се јават на бесплатната СОС линија:
0800 11 11 1
Следете ја кампањата и нејзините активности на Facebook: OpenGateMacedonia
#ШтоГледаш?Како дел од кампањата, Отворена Порта организираше информативен караван каде младите, кои се всушност најчести жртви на трговија со луѓе,