Што го прави детето сигурно?

Кога размислуваме што е она што го прави детето сигурно, важно е да разбереме што се случува во неговата свест и во внатрешноста на неговото семејство. Додека расте и се развива детето, се обликуваат неговите особини и постепено учи да се чувствува сигурно или несигурно. Неговата внатрешност е под големо влијание на неговото семејство. Тешко е ако детето не чувствува сигурност во своето семејство, ако не му се овозможува потребната грижа и поддршка. Дури и самостојните деца кои имаат многу другари и се добри ученици, на подлабоко ниво се несигурни затоа што не ја добиваат потребната поддршка од родителите. Слично и децата кои се покажуваат несигурни, длабоко во себе чувствуваат сигурност, бидејќи родителите се крај нив кога и да им затреба.
Откривајќи ги особините на сигурно дете потребно е да се допре концептот на отпорност. Некои сметаат дека отпорност е жилавост и соочување со стресот и дека на тој начин може да се елиминира. Децата кои не покажуваат знаци на вознемиреност кога се под стресна ситуација и кои изгледаат стабилни и можат да ја контролираат ситуацијата, не се вистински сигурни. Спротивно, оние кои како деца доживеале доста стресни ситуации, но сепак се успешн и покажуваат отпорност, тоа не значи дека се вистински сигурни и отпорни.
Она што се подразбира како отпорност е способност на целокупниот придонес во животните ситуации и доживувања, со нивните предизвици. Отпорните личности не се губат во трагичните ситуации туку учат од нивното искуство, за да пронајдат адекватно решение, но тоа не значи дека се целосно компетентни и јаки. Од ситуации добри или лоши, отпорните го извлекуваат позитивното, така што тоа ќе им помогне во иднина да станат хумани. Отпорноста не е особина на самото дете туку е одраз на неговиот однос.

Особини на сигурно дете
Тука ќе ги наведеме основните особини и причини кои го одредуваат сигурното дете, како и знаковите и загрижувачките причини кои ја разоткриваат несигурноста.
1. Способност на вклучување и сигурност на односите со семејството и другите возрасни
2. Способност за искажување на чувствата и желбите
3. Способност за решавање на проблемите и превземање на иницијатива
4. Способност на употребување идеи за истражување на грижите, како и полн распон на чувства
5.  Способност на расудување и размислување
6.  Способност на сфаќање на причинско-последнични односи
7.  Способност на создавање на сопствен внатрешен стандард И поттикнување на чувствата за себе 

Четири правила кои им помагаат на децата да се чувствуваат сигурни
Во денешно време неопходно е родителите да посветат повеќе внимание на децата, кои поради медиумските прикажувања(трагедиите од светски размери) се чувствуваат несигурни. Постојат четири правила кои се темелат на сите специфични напори кои можат да ги превземат родителите.
Поминувајте го времето заедно како семејство
Првото ниво на сигурноста произлегува од времето поминато заедно во семејниот круг. Семејните односи се многу важни за малите деца, како и за тинејџерите, но и за родителите, бидејќи тие се чувствуваат посигурни кога се заедно. Тоа значи дека детето во секојдневното опкружување во кое живее е посигурно и дека луѓето се чувствуваат заштитено.
Изразете ги чувствата
Родителите треба да им помагаат на децата во истражување на нивните чувства и грижи. Родителот мора да слуша, да сочувствува и да им помага на децата, да ги разменуваат своите мисли во игрите како и во разговорите, да ги изразуваат своите чувства. Тоа значи да им понудат доволно заедничко поминато време, емпатија и поддршка. Кога децата ќе се отворат, може да им се помогне, резимирајќи или парафразирајќи ги нивните зборови, прашувајќи ги дали е тоа она што тие го чувствуваат и настојувајќи да им се помогне да го изговорат тоа. Родителите и учителите треба добро да слушаат, предано да сочувствуваат и добро да соработуваат како би можеле да им помогнат на децата да ги искажат своите грижи.
Смирување
Третиот чекор кој на децата може да им помогне да се чувствуваат сигурни, е да им се понуди некое смирување, но сепак тоа да биде реално. Детето посакува нешто од родителот или учителот и тоа му се дава со цел тоа да се смири и да се чувствува заштитено. Овде е важно да се поминат сите чекори кои се превземаат за да се почувствува заштитеноста и сигурноста на децата во нивните домови, но исто така е важно и што превзема државата за ова цел. 
Придонес  и помош на други
Децата како и возрасните имаат корист од можноста да придонесат нешто за другите и да им помогнат на оние на кои им е потребна помош. (фондации, проекти, рециклирање итн). Кога децата се чувствувааат еднакво вклучени во работење на нешто позитивно и конструктивно за решавање на проблем, тие добиваат енергија и самодоверба. 

Пронајдете не на следниве мрежи: