Екстремното загадување на воздухот во скопската општина Kарпош од 1.218 мг/м3, кое беше поголемо 24 пати од дозволемиот максимум пред два дена.Општина Карпош и градоначалникот Стевчо Јакимовски изразуваат сериозна загриженост поради последните показатели за енормно загадување на воздухот на територијата на локалната самоуправа кои се регистрирани од мерната станица во ООУ „Петар Поп Арсов“ која е поставена токму со помош на локалната власт. Проблемот со загадувањето во Карпош, вели првиот човек на Општината, не засегнува сите кои сме жители на оваа општина и заеднички преземаме максимум што е во нашите законски можности.
Според наодите на локалниот инспектор за животна средина, кој контролираше окоу 50 правни субјекти, констатирано е дека повеќето, речиси 90% од потенцијалните мали загадувачи, се грејат на електрична енергија или со пелети, што значи дека не влијаат врз загадувањето, а оние кои користат цврсти горива за својата дејност имаат поставено соодветни филтри. Само во два случаи се констатирани неправилности, односно е констатирани дека се греат со различен вид отпад (пластика и сл.) и овие случаи се проследени до Државниот инспекторат да преземаат соодветни законски мерки.
Според показателите на Министерството за животна средина 30% од загадувачите се индивидуалните домаќинства, поради начинот на греење со цврсти и течни горива, но, за нив Општината , освен со судски налог, нема ингеренции да направи увид и да ја констатира фактичката состојба.Големите капацитети на територијата на Општината, како што се Топлификација, болниците „8 Септември“, „Филип Втори“, „Систина“ работат и се загреваат на природен гас, и не се потенцијални загадувачи.
Според наодите на овластениот инспектор за животна средина во Општина Карпош Гордана Максимовска, останува нерешен проблемот околу преголемата фреквенција на возилата кои циркулираат по главните сообраќајни аорти кои минат низ Карпош, а тоа се булеварите Партизански одреди, Илинден и Теодосиј Гологанов кои главно водат кон големите трговски молови, спортски сали , хотели, како и кон и други дестинации на територијата на локалната самоуправа.
Жителите на Kарпош изјавуваат дека завчера околу 21 часот се појавила густа магла, а истовремено во воздухот се чувствувала голема влажност. Освен опасните ПМ-10 честички, десеткратно поголема била и концентрацијата на канцерогените честички во воздухот со големина помала од 2.5 микрометри (ПМ 2,5). Таа изнесувале 206 мг/м3, над 10 пати од пропишаната граница. Ситуацијата со загаденоста беше лоша и во другите општини, па во Центар нивото на ПМ 10 честичките изнесувало 421 мг/м3, односно, трипати помалку отколку во Kарпош!? Kонцентрација на овие опасни честички во Лисиче изнесуваше 667 мг/м3, а во Гази Баба 618 мг/м3, односно двапати помалку отколку во Kарпош.
Засега се уште е неизвесно дали надлежните органи ќе преземат одредени мерки за да се намали загадувањето на воздухот. Министерот за животна средина и просторно планирање, Башким Амети, на 25 јануари до Владата предложил мерки за намалување на загадувањето на воздухот, но засега нема одговор на предлогот.Општина Карпош и градоначалникот Стевчо Јакимовски изразуваат сериозна загриженост поради последните показатели за енормно загадување на воздухот н