петок, 13 ноември 2026
Најново

Што говори кафето за вас кое го нарачувате?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Две омилени работи на многу жени се утринското кафе и добро осмислена модна комбинација. Доколку се спојат  тие, совршено се надополнуваат и говорат многу  за личноста која стои зад нив.Изборот на кафе говори многу за ставот кон модата. Дали е оригинален, класичен или уметнички настроен, откријте со помош на кафетео.
Црно кафе- минимализам
Личностите кои нарачуваат обично црно кафе склони се кон минимализам и едноставен и удобен стил. Ормарот им е полн со неутрални бои и многу добро и често  комбинираат црни и бели парчиња облека.
Еспресо- оригинален стил
Впечатливи модни детали, уникатни предмети и нескротлива смисла за облекување стојат зад личностите кои сакаат еспресо.
Капучино- оригинален стил
Класично и софистицирано, без преголема филозофија по потреба за истакнување. Орманот најчесто им е полн со калсични парчиња кои планираат да ги имаат- засекогаш.

Кафе со млеко- класично и во тренд
Кафето со млеко ќе го нарача личност во чиј  орман преовладуваат фармерки, плетени парчиња и обични маички. Лесно и вообичаено   комбинираат  стилови но не претеруваат во оригиналноста и индивидуалниот пристап кон модата.

Ледено кафе- трендсетери
Секогаш се во потрага по нови модерни парчиња кроени по последните трендови. Вложувањето во класични парчиња го сметаат за здодевно и се радуваат на промените  и модните ревии.
Кафе со многу млеко и многу пена- уметничка душа
Ормарот на личностите кои пијат вакво кафе е полн со шарени и оригинални предмети за облекување кои по малку се комбинираат  и комбинираат со ситуацијата, местото на излегувањето и разни слични навидум неважни критериуми.Изборот на кафе говори многу за ставот кон модата. Дали е оригинален, класичен или уметнички настроен, откријте со помош на кафетео.

Поврзани вести