ШТО Ѝ Е ТОА НА РАМОТО? – Сакав да се забавувам, но тогаш моите другари…

Холи на 17-годишна возраст во една бурна вечер им дозволила на пијаните другари да ѝ го „украсат“ рамото со пенис. Оваа срамна грешка од училишните денови, две години успеала да ја скрие од родителите.Холи Астон од Велика Британија, е девојка со можеби најнезгодната тетоважа на телото. По една пијана вечер, таа го открила своето истетовирано рамо на кое се наоѓа машки полов орган. Останала шокирана.
Таа објаснува дека поради тетоважата не отишла на одмор, бидејќи сакала да го избегне јавното покажување на тетоважата и погледите на луѓето.
Својата постапка им ја припишува на годините и на бурниот период во својот живот, за кој вели дека сега е далеку зад неа.
Таа купила комплет за тетовирање преку интернет, во кој добила игли и мастило, а кој е многу лесен за ракување. Но, она што е страшно е фактот што нема никакви упатства за одржување на справата.
„Имавме среќа што не добивме труење на крвта или инфекција“, објаснува Холи.

„Во тој момент, мислев дека тоа е шега и ми беше смешно. Веќе наредниот ден бев шокирана и сфатив дека ова навистина не ми требаше во животот“, додаде таа.
Холи одбивала да оди на семејни празници, не одела на одмори, а сѐ поради стравот дека луѓето ќе ја забележат нејзината тетоважа.
Таа има желба наредната година да тргне на факултет, но без оваа слика на рамото. Отстранувањето на тетоважата ќе ја чини илјадници фунти, но таа е решена да се спаси од оваа грешка поради која ѝ е срам веќе со години наназад.
Холи Астон од Велика Британија, е девојка со можеби најнезгодната тетоважа на телото. По една пијана вечер, таа го открила своето истетовирано рамо

Пронајдете не на следниве мрежи: