Што и кому ветувал Заев?

Александар Диневски, сега веќе и правосилно осуден во случајот „Шпион“ јавно преку социјалните мрежи го повика лидерот на СДСМ да престане да го блокира и да си ги исполни ветувањата кои што ги давал, пишува Пресс 24.Диневски на својот фејсбук профил го обвини Заев дека си поигрувал со нивните судбини, индиректно посочувајќи дека лидерот на СДСМ им говорел за некакви бомби со кои ќе се докажело дека обвинетите во случајот Шпион наводно се невини.
 
Диневски дури и објави фотографија од смс комуникација со лице кое го имал меморирано како ЗЗ чиј телефонски број е 075 214 143. Според Диневски станува збор за комуникација со лидерот на СДСМ кој му одговара „Што тоа јас сум манипулирал? Се што имав јас доставив до СЈО. Се. Јас не сум тој што дели правда, јас сум политичар кој ја води опозицијата и си ја врши својата работа како шеф на опозицијата. Се борам против режимот политички. Не може од мене да очекувате и одговорност за правичноста во државата. Жалам што сте незадоволни од пресудата.“
 
Од постираната фотографија се гледа дека обвинетиот во случајот „Шпион“ имал и претходни контакти со ЗЗ на 24 Ноември минатата година, период кога СЈО презеде голем број предмети кои се водеа во Републичкото јавно обвинителството. Еден од предметите кои беа преземени на барање на Катица Јанева беше и случајот „Шпион“ кој го работеше обвинителката Лиле Стефанова, која стана дел од СЈО. Токму Лиле Стефанова, покрај Зоран Заев исто така е предмет на јавни навреди од страна на осудениот Диневски.
Диневски, во текот на вчерашниот ден ја виде и јавно објавената правосилната пресуда со која што доби казна затвор од 3 години и 6 месеци за сторени кривични дела „Шпионажа“, „Оддавање државна тајна“ и „Злосторничко здружување“Диневски на својот фејсбук профил го обвини Заев дека си поигрувал со нивните судбини, индиректно посочувајќи дека лидерот на СДСМ им говорел за не

Пронајдете не на следниве мрежи: