Писмово го адресираме до сите влади кои раководеле
со државата во периодот од 2004г. до денес.
Почитувани екселенции,
Примете го ова писмо како природна рефлексна реакција на жителите на Струга по третиод “пад“ на градот во рацете на оние на кои по никој основ не им припаѓа. Нашата огореченост е дотолку голема колку и желбата да го реституираме градот, која интензивно ни ја зголемувавте пред самите избори со цврсти уверувања дека процесот е започнат а наше ќе биде само да си ја сработиме масовната излезност. Се надевавте ли на индиферетен однос од наша страна, па неуспехот да ни го “натоварите„ нам? Ќе речевте ли во ваш стил “ете направивме се“ ама стружани не излегоа на гласање? Епа почитувани сте се излажале! Ако од нас побаравте 14 000 гласови, добивте и од мерата повеќе! Со денови трагавме и талкавме од дом во дом, извадивме и старо и младо и слепо и хендикепирано! Знаете ли што видовме?! Ја видовме Струга која Вие никогаш не сте ја виделе. Ги видовме безработните кои иако на работ на егзистенцијата први ја реализираа граѓанската должност заборавајќи на структурите за кои катадневно ломотат дека им ги оставиле децата без леб! Ги видовме вообразените и арогантни партиски активисти кои безрезервно го подржаа кандидатот од “другата страна„ кој обично го плукаат и кудат! Ги сретнавме пензионерите и изнемоштените кои ја облекоа најубавата облека и со свреткави погледи тргнаа да ја обезбедат иднината на своите внуци! А што добија?!
Ве прашуваме едно, функционираат ли сеуште вашите структури за анализи и систематизација на податоци врз кои ги лансирате вашите хипотези за конечните резултати? Можно ли е да се направи толкав превид во пресметките на успехот? Или упорно не “тапкавте“ по рамо дека обединувањето е доволно само да не пребројувате и анализирате и да бидеме само едни обични нумерички податоци за тргување, анализи, и синтези за некои наредни избори, референдуми?..
Доста беше!
Стужани не го трпат веќе овој игнорантски однос! Кажете, можете ли да се носите со ситуацијата?! Сме ли ние „жртвено јагне“ на рамковниот договор? Не Ви веруваме дека правите се за да бидеме “ свои на своето“! Ако е така зошто Вевчани кое е во срцето на Струга го оставивте да биде засебна опшитина? Сплотете ја со градот исто како што направивте со Зајаз во Кичево! Зошто сте неми посматрачи на интензивната албанизација на торбешките села од страна на криминални групи инфилтрирани од албанските политички партии? Има ли државна стратегија за зачувување на територијалниот интегритет кој очигледно ни е загрозен?! Или просто и едноставно постојат помоќни структури кои ви ги контролираат постапките? Ако е така тогаш бидете доблесни и кажете, искористете ги вашите формални и неформални канали да ја лиферувате вашата немоќ, а не да ни кажувате дека ситуацијата е под контрола и одиме на сигурна победа!
Знајте го уште ова , навистина не не интересира повеќе кој прв почна! Ако Бранко ја даде Струга, Никола пропушти две можности да го врати. Ние верувавме и веруваме но се има граница!
Нема повеќе ВМРО-овци и СДСМ-овци во Струга! Нема Македонци, Турци, Роми, Власи! Има Стружани кои се дават во смет, кои почитуваат неков договор кој другата страна не го почитува!
Ние остануваме овде да живееме, или помогнете ни или застанете настрана, а ние ќе си ги искористиме сите законски инструменти за да покажеме и докажеме дека ова е градот во кој ќе живеат нашите деца и внуци!
Нашата борба започна!
Нека ни е честита!
Извор. Република Писмово го адресираме до сите влади кои раководеле
со државата во пе