Што имаат заедничко Светската здравствена организација и Туркменистан?

Минатиот вторник, 3ти Мај, беше прославуван од Обединетите Нации и агенциите во нивниот состав како Светски ден на слобода на медиумите. Овогодишната тема беше “Пристап до информации и фундаментални слободи – ова е твоето право!”. Интересно, само неколку дена пред прославата на овој важен ден, една од агенциите на ОН – Светската Здравствена Организација одржа состанок за нивната Рамковна конвенција за контрола на тутунот во Ашгабат, главниот град на угнетената држава Туркменистан, земјата која го носи прекарот “поблиската Северна Кореја”, поради нејзините постојани нарушувања на основните човекови права, вклучувајќи ја и слободата на печатот и медиумите.
Контрастот меѓу одбележувањето на Обединетите Нации на нивната цел за слобода на медиумите и одлуката на СЗО да одржува состаноци во земји каде печатот е апсолутно контролиран од владата, го натера Дру Џонсон, американски новинар од Daily Caller да прати писмо, потпишано од десетици други новинари од целиот свет, каде бара од Обединетите Нации навистина да се однесуваат според нивните слогани.
“Ова е Светскиот ден на слободата на медиумите, новинари од целиот свет ги повикуваат ОН да престанат со своето хипокритичко однесување и да се однесуваат според принципите на слободата на медиумите секој ден од годината, не само на 3ти Мај”, се вели во писмото, кое се рашири низ целиот свет.
Новинарите не штедат лоши зборови за Туркменистан 
Џонсон не е единствениот новинар кој бара ОН и СЗО да престанат со нивната хипокризија. Темата дека СЗО одржува состанок во Ашгабат доби богато медиумско покривање низ целиот свет – и секогаш во негативна конотација. 
Британскиот “The Sun” објави сеопфатна приказна дека “Министерството за здравство ќе испрати двајца претставници на премногу заштитничката, анти-пушачка конференција во Туркменистан, и покрај тоа што државата е водена од луд диктатор”. Весникот додава дека во изминатите неколку години, лидерите-култисти на оваа поранешна Советска република затвориле илјадници политички противници, ги забраниле странските медиуми и контроли, а исто така забраниле и работи како сателитски антени, балет, циркус, златни заби, бради и долги коси, шминка и кучиња, го забраниле пушењето за целата нација бидејќи Бардимухамедов е поранешен стоматолог а на неговиот претходник му било сугерирано од докторите да престане со пушење заради проблеми со срцето, ја забраниле Хипократовата заклетва за докторите и ги натерале да се заколнуваат во повелбата на Претседателот, ги затвориле болниците и амбулантите ширум земјата со образложение дека граѓаните кои се болни треба да се лечат единствено во главниот град Ашгабат, го смениле името на градот Красноводск на Каспиското море по името на претседателот, како и го прогласиле роденденот на мајката на Претходникот на Бардимихамедов, Нијазов за национален празник. Дополнително, за поранешниот, како и за сегашниот претседател Гурбангули Бардимухамедов откриени се масовни споменици, излиени во 24-каратно злато во главниот град Ашгабат, со тоа што сегашниот Претседател го помести споменикот на неговиот претходник на периферијата од градот, а на неговото место во центарот подигна свој 20-метарски споменик. 
Полски “InnPoland” прашува како е можно СЗО да додели престижна награда за борба против тутунот во 2014 година на земја која е постојано критикувана од сите меѓународни организации поради тоа што е водена од репресивен режим. Дополнително, тие пишуваат дека Туркменистан е на претпоследното место во светот во поглед на средствата од буџетот кои се одвојуваат за здравството. Сепак, ова не ги спречи функционерите на СЗО да му доделат награда на претседателот на земја каде здравствениот систем е многу ограничен. 
Меѓународни организации: “Катастрофа во поглед на човекови права”
Amnesty International, Human Rights Watch, Доктори без граници и многу други владини и невладини организации постојано предупредуваат за систематското нарушување на сите човекови права во Туркменистан.
Amnesty International на својата веб страница пишува дека “никакво подобрување на ситуацијата со човековите права не е регистрирана во 2015 година и земјата останува затворена за независните монитори на човековите права. Невозможно е за независното граѓанско општество да работи слободно, слободите на изразување и собирање се страшно ограничени, додека пак многу луѓе се соочуваат со ограничувања во нивната слобода на движење”. 
Human Rights Watch се уште поостри, опишувајќи дека “земјата останува една од најугнетените држави во светот, со катастрофално почитување на човековите права. Владата остварува неограничена контрола над сите аспекти на јавниот живот, систематски негирајќи ја слободата на собири, изразување и религија, додека земјата е затворена за независни монитори. Роднините на затворениците немаат официјални информации за судбината на луѓето кои се жртви на масовните затворања во 1990-тите и 2000-тите.”
Доктори без граници, чија мисија во земјата заврши пред неколку години, објаснуваат дека причините поради кои биле присутни во земјата се исклученоста на граѓаните од здравствениот систем, како и ендемските епидемии.
Официјалните владини институции го делат мислењето со овие меѓународни организации. Извештајот на Европскиот Парламент и на Американскиот Стејт Департмент ги содржат истите фрази и елементи наведени во извештаите на гореспоменатите организации. Вестите за состанокот во Ашгабат ги разлутија и американските даночни обврзници, ако се земе во предвид дека САД придонесува кон 22% од буџетот на СЗО. Дејвид Вилијамс, Претседател на Американската алијанса за заштита на даночните обврзници, верува дека славењето на позицијата на Туркменистан кон тутунот е незначајна, имајќи ги во предвид сите други големи проблеми на земјата. 
“Ова е речиси како да и дадете признание на Северна Кореја дека е еколошка, поради тоа што нема електрична енергија”, изјави тој.
Светската здравствена организација ги отфрла меѓународните мислења
И покрај сите овие карактеристики “прикачени” на авторитарниот режим на Туркменистан, Светската Здравствена Организација се чини дека не придава значење на фактот дека константно ја величаат земјата со угнетени граѓани кои немаат речиси никаков пристап до здравствениот систем на земјата. Дополнително, за иронијата да биде уште поголема, и тие малку здравствени услуги се обезбедени/привилегирани за жителите на главниот град Ашгабат, додека останатите делови од земјата се во недостаток и од најосновните лекови и третмани. Ова резултирало и со појава на туберкулоза, особено во руралните средини на земјата, а за нештата да бидат полоши, болеста е мутирана и отпорна на многу од познатите лекови. Поради рестрикциите и контролираните медиуми, нема информации за смртните случаи предизвикани од болеста.
Сето ова не и пречеше на Генералната директорка на СЗО, Д-р Маргарет Чан, да оствари официјална посета на Туркменистан во јуни 2014 година, каде дискутираше со претседателот за областите на сегашната и идната соработка меѓу земјата и СЗО и оствари состанок со претставници од МНР на земјата, дискутирајќи за вклученоста на Туркменистан во глобалната здравствена дипломатија. Таа дури и му врачи на Бардимухамедов и Сертификат за придонес кон глобалната тутунска контрола.
Таа исто така ја пофали земјата, опседната со здравјето, за најниската стапка на пушачи – само 8% од популацијата се активни пушачи. Причината за ова е претседателскиот закон за забрана на пушење на сите внатрешни и надворешни јавни простори, како и забрана на било какво рекламирање на тутун. Тутунските производи може да се најдат само во продавници контролирани од владата, а за нудење на тутунски производ на некој или поклонување на истиот следуваат строги казни. Сите овие драконски мерки рапидно ја намалија стапката на пушачи во последните дваесет и неколку години, од 1/4 од населението на 8%.
Сепак, се чини дека ова не ги задоволи целосно претставниците на СЗО. Чан, која е самопрогласен горд, “најдолем борец против пушењето”, ги мотивираше лидерите на Туркменистан дополнително да ја намалат оваа стапка на 5% во следните години. Нема потреба да кажеме какви мерки ќе бидат спроведени за да се постигне оваа нејзина цел. И изгледа дека ова е единствениот проблем за кој Чан покажува интерес, одлучувајќи да ги прекрие другите, многу пострашни здравствени проблеми со кои земјата се соочува. Најголемиот борец против пушењето можеби би требало да се сврти малку околу себе и да сфати дека организацијата која ја води не се врти само околу пушењето.
Московскиот состанок сеуште контроверзен
Ова не е прв пат оваа организација да предизвика реакции и скандали со своите потези. СЗО предизвика масивен револт во 2014 година, кога се одржа конференцијата за Рамковната конвенција за контрола на тутунот во Москва. На состанокот, кој беше бојкотиран од САД и Канада, претставниците одобрија мерка, задолжувајќи ги земјите низ светот нагло да го зголемат акцизниот данок на цигарите и другите тутунски производи. Сепак, овој собир стана контроверзен од самиот старт, кога делегатите гласаа да ги избркаат претставниците на медиумите од состаноците. Состанокот во Туркменистан го немаше овој “проблем” – на новинарите воопшто не им беше дозволен влез во земјата.
Многу економски експерти предупредија за униформираниот глобален данок, сметајќи дека нема да направи позитивна разлика, туку само ќе го поттикне шверцот и нелегалната трговија со тутунски производи и во никој случај нема да помогне со намалувањето на стапката на пушење, односно, оваа одлука на СЗО, која треба да биде спроведена од сите земји-потписнички на Конвенцијата, се чини дека ќе направи повеќе штета од корист.
Ова не се единствените контроверзии поврзани со Московскиот состанок. Во 2014, медиумите известуваа дека СЗО потрошиле 1 милион фунти за конференцијата, чиј домаќин беше Владимир Путин и се одржуваше во средина на кризата со болеста ебола во Африка. Додека организацијата беше масовно критикувана од Доктори без граници за нивниот недостаток на акција за време на епидемијата на ебола, делегатите од анти-тутунската конференција се релаксираа носејќи нови директиви и уживајќи во хотели со 5 ѕвездички, каде се служело шампањ и кавијар. На некој начин, тие би требало да се пример за здравствените системи во светот.
Некои од вработените во организациите за помош и дури претставници на ОН обвинуваат за недостаток на лидерство од страна на СЗО во справување со кризата, особено во првичните стадиуми на епидемијата на ебола, кога ќе беше полесно да се контролира. Меѓународниот директор на Доктори без граници ги обвини СЗО дека потфрлиле со помошта на своите земји-членки во справување со здравствени итни случаи.
Сепак, во одредени случаеви, СЗО докажа дека ниту еболата, ниту квалитетна здравствена заштита се нивните главни проблеми – некако, тутунот е нивен најголем непријател, што не тера да се запрашаме дали нивните активности се дел од нивните лични верувања и агенда? Во тој случај, Туркменистан е соодветно место за одржување на состанок, бидејќи имаат нешто заедничко со официјалните лица во оваа агенција на ОН. Интересно, само неколку дена пред прославата на овој важен ден, една од агенциите на ОН – Светската Здравствена Организација одржа сос

Пронајдете не на следниве мрежи: