Што изјави девојката на човекот кој ја откри аферата со прислушкувањето?

Девојката на Едвард Сноуден, човекот кој во јавноста ја откри мега аферата со прислушкувањето од страна на Владата на САД објави детали за нејзината тага во врска со целата ситуација на нејзиното момче. 
Линдзи Милс 28 по професија е танчерка. Нејзиното момче Едвард Сноуден во моментов е доста познат на пошироката јавност бидејќи за него пишуваат сите светски медиуми, откако поранешниот вработен во ЦИА, кој го обелодени големиот скандал со прислушкувањето исчезна без траг. Последен пат бил виден во Хонг Конг. 
Таа не можејќи да ја сокрие својата тага, на интернет објави „приказна“ во која пишува за тоа колку Сноуден бил заљубен во неа, бегајќи пред законот, ја напуштил и ја оставил. 
Линдзи на својот блог објави напис за нејзината голема тага предизвикана од неговото бегство и статијата ја “зачинила”, со серија “разголени” фотографии, пренесуваат медиуми.
Таа напиша дека минатата година, со Сноуден се преселила од Балтимор во Хонг Конг, а заеднички пријатели веруваат дека тие и тајно стапиле во брак бидејќи тоа било “посебно место” за нив.
Линдзи, која себе во блоговите се нарекува “скитник”, а Сноуден го именува само со иницијалот “Е” од неговото име, на нејзините блогови често отворено пишувала за нивната врска и односи. Тоа зачуди многумина како било воопшто можно таинствениот и повлечен “смотанко” да избере токму екстровертна стриптизета која сите свои тајни ги дели со јавноста. Танчерката во “писмото” кое неделава се појави на Интернет уште пишува дека нејзините пријатели, пред да го запознаат Снуден, не верувале дека тој и воопшто постои, а откако се преселиле на Хаваи, с? помалку биле видени заедно. Сноуден поради природата на својата работа често морал да го менува местото на престој така што тие заедно пропатувале во 17 земји. 
Инаку, на нејзините блогови Линдзи често откривала детали поврзани со висината на неговите годишни приходи, со кого соработувал, известувала за честите селења, за купувањето завеси и за тешките моменти во нивниот однос.Девојката на Едвард Сноуден, човекот кој во јавноста ја откри мега аферата со прислушкувањето од страна на Владата на

Пронајдете не на следниве мрежи: