Што изјави Папата за геј свештениците?

Изјавата на поглаварот на римокатоличката црква, папата Франциско за геј свештениците беше ударна вест во светските медиуми. Папата Франциско изјавил дека нема да ги осудува и маргинализира геј свештениците, бидејќи гел личностите се исто така луѓе и тие треба да се вклучат во општеството. 
Сепак тој останал согласен со учењето на Црквата дека хомосексуалниот чин е грев.
“Ако некој е геј, го бара Господ и има добра волја, кој сум јас да го осудувам?”, изјавил папата во својата историска изјава.
“Учењето на католичката црква ова многу добро го објаснува. Таму пишува дека тие не би требало да бидат маргинализирани поради своите ориентации, туку дека треба да бидат вклучени во општеството”, изјавил поглаварот на католичката црква. 
Според неговите зборови, проблемот се раѓа тогаш кога не постои оваа ориентација. Папата нагласил дека мора да бидеме браќа, а овој проблем претставувал лобирање на оваа ориентација, или пак лобирање на здружените луѓе, политичките лобија, масонските лобија… што според него, тоа е поголем проблем. 
Светските медиуми веќе објавија дека станува збор за изјава без преседан во историјата на католичката црква.
Папата новото гледиште за геј популацијата го изнел во разговор со новинарите во авионот за време на враќањето од патот во Бразил, одговарајќи на прашањето за славното “геј лоби” во католичката црква. “Доста се пишува за геј лобито. Јас во Ватикан се уште не сум видел некој со лична карта на која пишува дека е геј”, се пошегувал папата, и додал дека забраната на жените да бидат свештеници во католичката црква е дефинитивна, иако тој лично би сакал да имаат поистакната улога во административните работи во црквата.
 Папата Франциско изјавил дека нема да ги осудува и маргинализира геј свештениците, бидејќи гел личностите се исто така луѓе и тие треба да се вклуч

Пронајдете не на следниве мрежи: