Погледнете во гардероберот, и ќе забележите дека има една боја која преовладува. Има едноставна причина за тоа. Вашата омилена боја е рефлекција на вашите длабоки чувства и личност.Па, еве прочитајте што вашата омилена боја кога е во прашање облеката, зборува за вас:
Црвена
Ако сакате црвена боја, значи дека сте личност со јасно одредени цели. Секогаш одите напред без страв од препреките во животот. Не се плашите од промени. Секогаш ги остварувате целите и тешко е некој да ви застане на патот. Вие сте страствена лиучност, темпераментна и со силна волја.
Сина
Вие сте личност која ретко се смее. Потребни се години за да стекнете доверба во луѓето. Во исто време сте многу смирена личност. Самоуверени сте и свесни сте за своите способности.
Бела
Ова е показател дека сте личност која сака слобода, и не постојат препреки за да ги остварите животните цели. Секогаш сте оптимист.
Зелена
Луѓето кои сакаат зелено, се многу шармантни. Многу сте моќни и авторитетни. Сакате да бидете во центарот на вниманието и често одбегнувате луѓе кои сакаат да се наметнуваат. Многу сте самоуверени.
Жолта
Вие сте дружељубива личност која го сака животот. Имате добра смисла за хумор. Сакате слобода.
Розева
Вие сте нежна, мила и сентиментална особа. Најважни ви се добрината и љубезноста во животот. Секогаш сте смирени.
Сива
Вие не сакате да привлекувате многу внимание. Сакате работите да течат смирено и не сакате многу промени во животот.
Црна
Црната боја е бојата на целосна зрелост. Тоа е бојата на луксузот и елеганцијата. Вие сте по малку мистериозна личност и сакате работите да ги чувате за себе.Па, еве прочитајте што вашата омилена боја кога е во прашање облеката, зборува за вас:
Црвена
Ако сакате црвена бо



