Зоран Заев како четвртоосомничен во случајот „Пуч“ треба да се појави пред Анкетната комисија за да сведочи и да одговори на прашањата од пратениците.Освен него, ВМРО-ДПМНЕ ги повика и синот на Зоран Верушевски, Александар, како и Бранко Палифров кој исто така е осомничен во „Пуч“.
Што ќе истакне Заев пред Анкетната треба допрва да се види, затоа што за овој случај, лидерот на СДСМ настапи со бројни контрадикторности, постојано ги менуваше изјавите и се демантираше самиот себе.
Прво, Заев и СДСМ тврдеа дека немаат контакт со Верушевски, за потоа да признаат дека не само што се знаат, туку и имаат тесна комуникација и соработка.
Заев негираше дека има поврзаност со писмото, за потоа да признае дека го напишал и да ја образложи неговата содржина.
– Тоа е за работна виза, за да замине во странство, за да може да оди повеќе од три месеци, оти нема примено плата со месеци. Жално е, вината му е што ја сакал својата земја како за четвртина Македонија заедно. Значи, станува збор за луѓе кои сакаат да помогнат да замине во странство и да работи. Целта содржина на писмото е таа. Да издадат работна виза за Верушевски со семејството да замине за да ја зачува слободата, посочува Заев во интервју.
Освен тоа, лидерот на СДСМ призна и дека преписките меѓу синот и сопругата на Верушевски се точни.
Меѓу себе комуницирале во криптирани знаци, а не букви и зборови, што е јасен доказ дека нешто сакале да сокријат. Имено, таму се наведува дека Заев им купил компјутер, а треба и да им купи автомобил. Тој подоцна признава дека тоа е точно и дека автомобил сакал да им купи да ја напуштат државата.
Во емисијата „Топ тема” , тој потврди дека на 19-годишниот син на Верушевски му купил компјутер.
– Точно е дека бев подготвен да купам и автомобил за семејството Верушевски, рече Заев и објасни дека во случај да успеела операција за извлекување на семејството од земјата, тие не би можеле да патуваат со нивниот стар автомобил.
Потсетуваме, за време на полициската акција, Верушевски се обиде да го искрши автомобилот со цел полицијата да не ги има податоците од истиот.
Ова се само дел од доказите дека Заев нема цврст став за целата состојба. Тој досега неколку пати ја излажа јавноста, а тоа јасно се гледа во неговите обиди за манипулирање, кои ги демантира самиот тој.
Зоран Верушевски и Зоран Заев се обвинети за употреба на незаконски средства на следење и шпиунирање, како и за упатување на сериозни закани кон високи државни функционери, а сакале да извршат преврат и да изнудат разни услуги.
-Според досега документираните сознанија, двајца од обвинетите биле ангажирани и работеле во корист на странска служба, преземајќи активности и чекори за кои биле богато финански наградени. Од првично направените проверки, имотот на двајцата е несразмерно зголемен, односно анализите кои досега се направени покажуваат дека станува збор за стотици илјади евра во готовина, но и во акции кои завршиле кај нив, соопшти тогаш полицијата.Освен него, ВМРО-ДПМНЕ ги повика и синот на Зоран Верушевски, Александар, како и Бранко Палифров кој исто така е осомничен во „Пуч“.