Што ќе прави Барак Обама по јануари следната година кога ќе ја напушти Белата куќа? Пред него се откриваат неколку перспективи по двата претседателски мандати, пишува „Фигаро“.Во прво време Барак и Мишел Обама немаат намера да го напуштат Вашингтон. Тие веќе имаат изнајмено голема куќа недалеку од Белата куќа и ќе живеат таму две години, додека малата ќерка Саша заврши училиште. Имотот во населбата „Калорама“ има осум спални и девет бањи.
Од 1921 година, сепак, немало случај поранешен претседател на САД да остане во Вашингтон. Затоа е можно по две години Обама да се пресели во Њујорк. Таму тој може да предава право на Универзитетот Колумбија, каде учел во почетокот на 80-тите години на минатиот век. Самиот Обама признава дека сака да подучува.
Една можна опција пред него е универзитетот Хауард во Вашингтон, каде што преовладуваат студенти Афроамриканци. Ова ќе биде можност за него да продолжи да ја поддржува каузата на младите Афроамериканци, забележува „Фигаро“.
Обама може да се впушти во пишување мемоари – традиција за поранешните претседатели. Се тврди дека од таква негова книга приходите би биле над 300 милиони долари.
Претседателот на САД може да држи предавања и конференции за плата како еден од своите претходници Бил Клинтон и за секој би можел да добива хонорар од 250.000 долари.
Друга опција пред Обама е да се пресели во Чикаго, каде е неговата претседателска библиотека и каде тој поминал дел од својот живот со својата сопруга Мишел. Претседателот на САД работел таму како социјален работник, а потоа како адвокат и професор по право, а конечно бил член на Сенатот на државата Илиноис пред да стане федерален сенатор.
Евентуално враќање во Хонолулу на Хаваите е последната веројатна опција за семејството Обама, кое ги поминува таму божиќниот и новогодишниот одмор.Во прво време Барак и Мишел Обама немаат намера да го напуштат Вашингтон. Тие веќе имаат изнајмено голема куќа недалеку од Белата куќа и ќе живеат