Сите се плашиме дека постои можност претпријатието во кое работиме да пропадне, но дали сте се запрашале што ќе се случи во тој случај со вашите средства во Отворениот задолжителен пензиски фонд НЛБ Пензиски фонд?Во таков случај лицето и понатаму останува член на НЛБ Пензиски фонд, средствата и понатаму се инвестираат, со тоа што во периодот во кој лицето не работи не се уплатуваат придонеси на неговата лична сметка, а ако го промени работодавачот, уплатите ќе продолжат. Новиот работодавец е должен да ги исполни обврските за плаќање на придонеси во согласност со договорот за работа и законската регулатива. Не треба да се склучува нов договор за членство со секоја промена на работодавач.
Кои се обврските на работодавецот кон вториот столб?
Единствена обврска на работодавецот е да поднесе до УЈП, на месечна основа, податок за бруто платата и придонесите на вработените во електронска форма. Системот со два столба не создава никакви дополнителни трошоци и административни обврски за работодавците. Работодавците продолжуваат да плаќаат придонеси на Фондот на ПИОМ. Тие не поднесуваат специјални формулари во кои се специфицира кои работници се членови на системот со еден столб, а кои работници се членови на системот со два столба.
Повеќе информации може да добиете на следниот ЛИНК.Во таков случај лицето и понатаму останува член на НЛБ Пензиски фонд, средствата и понатаму се инвестираат, со тоа што во периодот во кој лицето не