Што ќе се случи со Берлускони?

Пресудата против еден од најмоќните луѓе во Италија, Силвио Берлускони ќе остане во сила, изјави претседателот на земјата Џорџо Наполитано. Покрај тоа претседателот на италија ја предупреди партијата на Берлускони да не се обидува да ја собира владата за овој повод, пренесуваат странските медиуми. 
Откако Наполитано изјави дека пресудата за Берлускони останува на сила, надежите на неговата партија „Народ на слободата“ ги изгуби надежите дека на некој начин шефот на државата ќе го помилува поранешниот премиер или ќе најде било каков начин да се избегне неговата пресуда. 
Од партијата соопштија дека ограничувањето на политичката активност на Берлускони ќе ги ограби оние 10 милиони луѓе, кои гласаа за него на демократските избори во февруари.
Неколкумина видни членови на „Народ на слободата“ го повикаа Наполитано да најде излез.
Секоја конечна пресуда и задолжителната нејзина примена не може да бидат пренебрегнати, се наведува во изјавата на Џорџ Наполитано.
Освен тоа, шефот на државата предупредува да не се предизвикува „фатална“ криза во кревката влада на Енрико Лета за време на најтешката повоена рецесија во земјата.
Претходно овој месец највисоката судска инстанца во Италија ја потврди казната од четири години затвор, што преку амнестија се сведе на една година, против Силвио Берлускони за големи даночни измами во неговата медиумска компанија „Медиасет“. 
По ова најверојатно Берлускони ќе си ја одслужи својата затворска казна. Покрај тоа претседателот на италија ја предупреди партијата на Берлускони да не се обидува да ја собира владата за овој повод, пренесуваат ст

Пронајдете не на следниве мрежи: