Што ќе се случи со вашето тело ако често јадете виршли, колбаси и салами?!

Месните преработки, како што се виршли, колбаси или салами, имаат многу калории, масти и сол. Со нивното редовно консумирање (неколку пати неделно), ќе го доведете вашиот организам  во ризик на дебелеење, срцеви заболувања, дијабетес и рак.Сигурно сте слушнале дека месните преработки не се добри за вас, но опасностите најдобро ќе ги сфатите кога ќе дознаете колку всушност не се здрави. Месните преработки се однесуваат на сите масни намирници кои поминале преку процесот на солење и хемиски обработки со кои им се продолжува рокот на траење.
1. Дебелеење
Преработките од месо се полни со сол, калории и масти. Преголемата количина на сол во вашето тело доведува до задржување на водата и надуеност. Уште повеќе соли и масти ќе внесете во себе доколку ги јадете во сендвич, со сирење, мајонез и слични додатоци.
Понатаму, нивното внесување во исхраната го забавува системот на варење на храната и ве прави тромави, па наместо да прошетате или да се занимавате со некоја друга активност вие ќе посакате да преспиете.

 

2. Срцеви заболувања
 Замислете колкав товар му ставате на организмот кога ќе изедете виршла или колбас…Добивате 3 пати поголема количина на сол отколку да изедете еден сендвич со зготвено пилешко месо. Зошто премногу сол е опасно? Затоа што ги слабее вашите крвни садови, а тоа води до срцеви заболувања.
Вашето тело не може да преработи толкава количина на сол. Со задржувањто на водата поради солта се зголемува протокот на крвта и се така во круг – што е поголем  протокот на крвта, вашето срце ќе мора повеќе крв да праќа во артериите, а така премногу ќе се замори.

 
3. Дијабетес
Експертите за дијабетес велат дека нитритите во месните преработки го намалуваате лачењето на инсулин и негативно влијаат на нивото гликоза во крвта. Неодамнешното истражување на Харвард покажало дека само една порција дневно (2 парчиња салама или една виршла) го зголемува ризикот за дијабетес за 29 отсто.
4. Рак
Шведските научници откриле дека кај оние кои јадат месни преработки се зголемува ризикот за добивање рак на желудник.  Долгогодишната студија спроведена на Хаваите покажала дека оние кои најмногу јаделе месни преработки имале 67 отсто поголем ризик од рак на желудник во однос на оние кои јаделе ретко или никогаш.
Општ совет од експертите е месни преработки да се јадат најмногу еднаш неделно. Сигурно сте слушнале дека месните преработки не се добри за вас, но опасностите најдобро ќе ги сфатите кога ќе дознаете колку всушност не се здрави

Пронајдете не на следниве мрежи: