Што ќе се случи со вашето тело доколку престанете да внесувате слатки

Откажувањето од шеќер е тешко, но доколку успеете да се воздржите, ќе сфатите дека трудот и тоа како се исплател.Чоколадите, бонбоните и газираните пијалоци често знаат да бидат “мелем за душа”, но време е да им ставите крај. А еве и зошто. 
Дали некогаш сте размислувале за тоа колку шеќер навистина внесувате во текот на денот? Посебно се лоши оние прикриени шеќерни “замки”, односно храна за која не мислите дека содржи шеќер како куповни сосови, месни преработки, млечни производи и наизглед здравите мусли.
Откажете се од шеќерот и по 4 недели ќе ги видите следните резултати:
Кожата ќе ви стане чиста и мазна
Секоја дама која се збогувала со шеќерот има убава кожа без акни и мозолчиња. Причината за тоа е фактот што шеќерот има улога на отров за нашето тело. Кога консумираме премногу шеќер, неговото ниво во крвта нагло расте, а телото испраќа антивоспалителни сигнали во крвта поради кои се појавуваат акни.
Подобро ќе спиете
Имате проблеми со спиењето? Проблемот може да лежи токму во шеќерот. Консумацијата на шеќер доцна навечер го зголемува нивото на инсулин кој го придвижува метаболизмот наместо да го “заспие”. Навечер консумирајте протеини наместо шеќери бидејќи со тоа полесно ќе се опуштите и ќе заспиете.
Ќе се чувствувате и ќе изгледате фит
По високото ниво на шеќер во крвта доаѓа до неговото нагло опаѓање, а освен шеќерот, опаѓа и вашата енергија и расположение. Потрудете се да го одржувате нивото на шеќер на доследно ниско ниво со консумирање на интегрални житарки и храна богата со протеини.
Ќе ја намалите вашата потреба за храна
Чоколадото пред ручек или една чаша газиран сок ќе предизвика желба за уште повеќе храна. Виновникот за тоа е наглото опаѓање на нивото на инсулин, а доколку го замените рафинираниот шеќер со јаглехидрати од друг ланец, без проблем ќе поминат 4-5 часа помеѓу оброците без да почувствувате глад.Чоколадите, бонбоните и газираните пијалоци често знаат да бидат “мелем за душа”, но време е да им ставите крај. А еве и зошто. 

Пронајдете не на следниве мрежи: