Планот за диета со 3 јаболка на ден го осмислила американската нутриционистка Теми Флин. Таа забележала дека нејзините клиенти кои пред оброкот ќе изедат едно јаболко, губат од тежината без да ги менуваат навиките во исхраната.Понатака следувале експерименти и обиди слична метода да се примени и кај другите клиенти (оние што не јаделе јаболка пред оброк). Резултатите биле повеќе од добри: Само со јадење на едно јаболко пред секој оброк клиентите губеле просечно 1 килограм неделно. Сето ова ја охрабрило и таа настојувала од овој факт да извлече што е можно повеќе: креирала и помошен диетен план кој уште повеќе го потикнува губењето на тежината, план кој што е познат како Диета со јаболка или 3 јаболка диета.
Основи на Диетата со јаболка
Оваа диета подразбира конзумирање на едно јаболко пред секој главен оброк. Идеата е дека влакната со кои јаболката се богати може лесно да го заситат човекот и затоа ќе му биде потребно помалку храна за оброкот а воедно ќе му ја намали/оттстрани желбата за слатки.
Санува збор за исхрана со релативно мали количини јаглехидрати и намален внес на заситени масти. Рафинираните шеќери се забранети,а се употребуваат само намирници со низок гликемички индекс.
Препорачан број на оброци е 4 – 5 помали оброци дневно,базирани на здрава исхрана со малку маснотии. Секој оброк или ужина би требало да содржи некој протеин затоа што е докажано дека ваквата комбинација го намалува апетитот и го подобрува губењето на тежината.
Лицата кои се на оваа диета се поттикнуваат да земаат доста овошје и зеленчук и со тоа да го намалат вкупниот внес на калории а да не чувствуваат глад.
Препорачна храна
Јаболка, сирење со намалена масленост, јогурт со намалена масленост, јајца, пилешки гради, месо од мисирка, риба, посно говедско, овес, интегрален ориз, брокула, зелена салата…
Пример на мени:
Појадок
– јаболко
– омлет со сирење со намалена масленост
– шоља варен овес
Предпладневна ужина
– Парче сирење со намалена масленост
– Шолја јогурт со намалена масленост
Ручек
– Јаболко
– Пилешки гради на скара
– 2 шољи-брокули на пареа
– шолја интегрален ориз
Попладневна ужина
– капучино шејк
Вечера
– Јаболко
– Лосос на скара
– Зелена салата
Препораки за вежбање
Се препорачува комбинација на лесен тренинг со тегови и кардио тренинг 3-4 пати неделно, минимум 30 минути.
Зошто да се практикува оваа диета
– Јадењето на едно јаболко пред оброк создава чувство на ситост и ја намалува можноста за прејадување.
– Јаболката содржат диетни влакна кои можат да помогнат во намалувањето на холестеролот.
– Јаболката содржат флавонаиди кои помагаат во спречувањето на срцеви заболувања и одредени видови на рак.
– Оброците се добро балансирани со немасни протеини, сложени јаглехидрати, овошје и зеленчук.
– Поголем внес на протеини од немасно месо го намалува апетитот и ја одржува мускулната маса за време на држење на диетата.
– Диетата со јаболка го охрабрува внесот на свежо овошје и зеленчук.
– Лесна е за следење – нема броење на калории или мерење.
– Ја охрабрува физичката активност.
Зошто да НЕ се практикува оваа диета
– Може да ви стане досадно пред секој оброк да јадете по едно јаболко.
– Се елиминираат многу намирници на кои просечниот човек денес е навкнат (пред се слатки).
– Диетата со јаболка може да биде тешка за следење на вегетеријанците доколку сакаат стриктно да се придржуваат кон диетниот план.
Заклучок:
3 јаболка диетата со својата комбинација на јадење на едно јаболко пред секој оброк и со диетниот план веројатно ќе доведе до намалување на килограмите кај повеќето од оние кои се придржуваат кон програмата. Тука се и потенцијалните здравствени придобивки кои не треба да се занемарат.
На некого држењето на оваа диета со јаболка во еден момент ќе му стане досадно а во диетниот план не е предвидено „лажење” така да ако се решите за оваа диета, потребно е да го промените и животниот стил, што обично не е ни малку лесно… Па одлуката останува на вас.
Понатака следувале експерименти и обиди слична метода да се примени и кај другите клиенти (оние што не јаделе јаболка пред оброк). Резултатите биле