Сто лица загинаа при голем пожар во Индија

Најмалку 100 лица загинаа, а повеќе од 250 се повредени рано изутринава во голем пожар кој избувна за време на огномет во еден храм во јужниот дел на Индија, соопштија локалните власти.– Пожарот избувнал кога искра од огнометот запалила други пиротехнички средства, кои биле складирани во храмот Путингал во селото Паравур, во индиската сојузна држава Керала, изјави локалниот министер за внатрешни работи, Рамеш Ченитала.
Во комплексот се наоѓале повеќе илјади луѓе кога се случила голема експлозија, а потоа и пожар, кој брзо се проширил низ храмот и во него останале заробени голем број верници.
Како последица од експлозијата, во воздухот летале огромни блокови на бетон, кои паѓале дури еден километар подалеку од местото на инцидентот, тврдат локални жители.
Пожарникарите успеале да го стават пожарот под контрола, а спасувачките екипи се обидуваат да пронајдат преживеани под урнатините.
Храмот, во кој се случи несреќата, секоја година одржува натпреварување во огномет, на кое присуствуваат илјадници верници на крајот од седумдневниот фестивал посветен на божицата Бадракали.– Пожарот избувнал кога искра од огнометот запалила други пиротехнички средства, кои биле складирани во храмот Путингал во селото Паравур, во

Пронајдете не на следниве мрежи: