Што може да ги уништи бубрезите кај човекот?

Јапонските научници го испитуваа влијанието на газираните сокови врз бубрезите и дојдоа до сериозни резултати.Според најновата студија на Универзитетот во Осака, само два газирани сокови на ден можат да доведат до симптоми на тешко заболување на бубрезите.
Врз основа на резултатите собрани од 12.000 вработени луѓе, се покажало дека шеќерите и засладувачите од газираните напитоци го подигаат нивото на соли во крвта. Напрегајќи се да ги прочистат крвните садови, бубрезите од нашето тело ослободуваат и многу важни протеини.
Еден од првите симптоми на протеинурија е и вишокот на овие протеини во урината, а за жал, по упорната конзумација на штетните напитоци, овој процес станува неповратен, односно по престанување на внесувањето на газирани напитоци не е возможно да се поврати работата на бубрегот како пред оштетувањето.
При тоа, со излачување на неопходните протеини од организмот и откажувањето на бубрезите, личноста станува подложна и на други заболувања како дијабет тип 2, гојазност или зголемен крвен притисок, а со самото тоа се наоѓа и под значајно зголемен ризик од срцев или мозочен удар.
Како што се покажало, 10 проценти од испитаниците кои пиеле по два газирани сокови на ден веќе по три дена успеале да ги развијат првите симптоми на протеинурија, а ништо подобро не поминале и оние кои пиеле само по една чаша или лименка од ваквите напитоци.Според најновата студија на Универзитетот во Осака, само два газирани сокови на ден можат да доведат до симптоми на тешко заболување на бубрезите.

Пронајдете не на следниве мрежи: