Што може да научиме од астронаутите, самураите, специјалците и психопатите?

Сите ние понекогаш знаеме да донесеме погрешни одлуки. Без оглед дали тоа се однесува на работата или личниот живот. Затоа, кои методи треба да ги применуваме, со цел подобро да ги набљудување работите и да донесеме поефикасни решенија?Писателите Чип и Ден Хит, имаат навистина интересно размислување кое го споделуваат во својата книга „Одлучност“. Тие ги идентификуваат краткотрајните емоции како главна причина за донесување на лоши одлуки.
Затоа, што можеме да научиме од астронаутите, самураите, американските Фоки и психопатите? Како да останеме смирени и да донесеме добри одлуки додека сме под притисок?

 
Тргнуваме со астронаутите
САД ги тренираше првите астронаути за една вештина: умешност за избегнување на паниката. Кога паничат, луѓето го преоптеретуваат организмот. Со тоа, тие ги игнорираат правилата и не ги следат процедурите. Нервниот систем се блокира и не може јасно да се мисли. Неколку илјадници километри над Земјата, во шатл кој е помал од Фолксваген, тоа би значело смрт. Паниката е самоубиство.
Еден од клучните начини да се изборите против паниката е чувството за контрола. За да го разбуди тоа чувство кај астронаутите, НАСА направи интересен експеримент:
„Пред лансирањето, НАСА преку повеќе од 100 пати го реконструираше судбоносниот ден, чекор по чекор. Потоа, со мали серии на „изложеност“, астронаутите полека се запознавале со секој призор и звук со кои би се сретнале при нивното лансирање во вселената. Екпериментите биле изведени толку многу пати, што сиот тој процес стана една сосема обична работа  – како дишењето, на пример“.

 
Најбитната работа од тренингот на еден самурај не е поврзана со мечот
Што е тоа што дури и најлошиот самурај треба со себе да го носи секој ден, а да не е катаната? – Тоа е чувството на смиреност.
Како во борбата, така и во секојдневниот живот, треба да бидете смирени. Соочете се со ситуацијата без тензии. Затоа врвните мајстори ги поттикнуваат учениците да ја тренираат и својата ментална подготвеност.
Што е толку специфично кај американските Фоки?
Со денови можат да издржат без јадење и пиење, скокаат од авион од огромни височини, можат да го задржат здивот навистина долго време…
Тие се цврсти луѓе, со силни карактери. Но, како е тоа можно? – Одговорот лежи во дишењето.
Истражувањата покажуваат дека медитативниот начин на дишење може да ве направи похрабри, посконцентрирани, па дури и да го зголемат чувството на среќа.

 
Остануваат психопатите. Што корисно би можело да се научи од нив?
Нив ги карактеризира една црта – претерана рационалност.
Претераната рационалност често води до донесување на подобри одлуки, но доколку тие се донесуваат без нималку емпатија, тогаш би можеле да предизвикаат лоши последици.
Ова се петте чекори кои се потребни за донесување на подобри одлуки:
1. Одржувајте го чувството за контрола над вашата ситуација.
2. Емоционална подготвеност. Помислете дека работите би можеле да бидат полоши
3. Контролирајте го дишењето
4. Развивајте ја емпатијата
5. Запрашајте се: „Како би го советувал мојот најдобар пријател за оваа ситуација?“Писателите Чип и Ден Хит, имаат навистина интересно размислување кое го споделуваат во својата книга „Одлучност“. Тие ги идентификуваат

Пронајдете не на следниве мрежи: