ШТО МОЖЕ ДА ВИ СЕ СЛУЧИ ДОДЕКА СПИЕТЕ?

Loading...

Сонот обично не е никаков посебен настан, но понекогаш може да се случи да искусите некои бизарни работи кои ќе ве остават збунети, пишува Men’s Health. Лекарите објаснија зошто тие работи се случуваат:1. Се чувствувате како да паѓате
Веројатно сте доживеале дека сонувате дека сте се сопнале или паднале од велосипед, па се будите во шок. Се работи за т.н. хипнотички стрес. Вашето тело е парализирано додека сонувате, но понекогаш почнувате да сонувате пред да ви се изгаси телото. Др. В. Кристофер Винтер објаснува дека тоа почесто се случува кога сте многу уморни или ненаспиени, па вашиот мозок влегува во сон пред вашето тело.
2. Парализа
Понекогаш се будите рано наутро и не можете да мрднете ниту еден мускул ниту да зборувате. Ова може да трае од неколку секунди до неколку минути и може да биде многу застрашувачки. Се работи за настан спротивен од чувството на паѓање, мозокот ви се буди пред телото.
3. Месечарење
Месечарењето, т.е. одењето во сон, може да биде опасно бидејќи несвесно може да завршите на улица или зад волан во автомобил.
– Кај месечарењето се будите само толку колку што му е потребно на вашето тело да се движи, или недоволно мозокот да ви биде буден – објаснува др. Винтер.
За некои бизарни случаи на месечарење се поврзува лекот за спиење Амбиен кој може вашиот мозок да го држи во несвесна состојба иако сте будни.
4. Зборување во сон
Ова трае во просек 30 секунди, а често се случува во текот на првите два часа од сонот, кога вашето тело влегува во длабок сон, а мускулите се уште можат да произведуваат звуци или движења.
5. Сонови кои се повторуваат
Др. Винтер објаснува дека соновите кои се повторуваат можат да се случат кога вашиот мозок се обидува да реши нерешени психолошки проблеми. Често делумно темелени на стварноста, како неку трауматски настани.
6. Секс во тек на спиење
Едно истражување во кое учествувале над 800 пациенти од центарот за нарушување во спиењето, покажало дека осум отсто од нив доживеале сексомнија, т.е. дека почнале секс со партнерот во сон. Тоа е слично на месечарење. Сте се разбудиле доволно да можете да се помрднувате, но вашиот мозок се уште не е целосно буден.
7. Синдром на експлозија на главата
На некои луѓе им се случува наеднаш да се разбудат откако слушнале многу силен прасок како експлозија или дури чувство дека главата им експлодира. Всушност се работи за уште еден вид на хипнички стрес или мрдање, кога вашето тело се уште не е парализирано, а чувствата се уште ви се вклучени.1. Се чувствувате како да паѓате
Веројатно сте доживеале дека сонувате дека сте се сопнале или паднале од велосипед, па се будите во шок. С

loading...
Loading...