Што му одговорил Алберт Анштајн на едно девојче за молитвата и религијата?

Девојчето по име Филиз му напишала пристојно писмо на Алберт Анштајн на почетокот на 1936 година, сакајќи од него да добие одговор на прашањето дали се молат научниците, односно можно ли е да верувате и во науката и во религијата. Прашањето и одговорот се објавени во книгата „Драг професоре Анштајн: Писма од децата за Алберт и назад“, која ја уредила Алис Цалаприс, а еве што славниот научник и одговорил на малата Филиз и тоа по само пет дена:
„Ќе се обидам да ти одговорам што поедноставно на твоето прашање. Еве го мојот одговор:
Научниците веруваат дека секоја појава, вклучувајќи ги и оние кои се поврзани со човековото битие, се случува според законите на природата. Од таа причина научникот не може да биде наклонет во верувањето дека на тоа случување може да влијае молитвата, односно, желбата која се манифестира натприродно.

Сепак, мораме да признаеме дека нашето знаење за тие сили е несовршено, па на крај увереноста во постоењето на врховниот дух почива на некоја врста на верба. Таквото верување се уште е проширено, дури и покрај последните достигнувања во науката.
Но исто така, секој кој сериозно се бави со наука постанува уверен дека некој вид на дух се манифестира во законите на сферата и дека таа е супериорна на човекот. На тој начин бавењето со науката води до религиозни побуди од посебен вид, кои се сигурно прилично поинакви од религиозностите на некој понаивен.“
Иако писмото не открива многу за Анштајновите лични стојалишта, неговото објаснување прилично јасно ги објаснува воодушевувањето и преданоста на науката.  Прашањето и одговорот се објавени во книгата „Драг професоре Анштајн: Писма од децата за Алберт и назад“, која ја уредила Алис Цалаприс

Пронајдете не на следниве мрежи: