Што не треба да јадете најмалку 2 часа пред спиење?

На прво место: чипсови, пуканки, бисквити (солени и слатки), вафли, суви пасти. Тие се секогаш при рака, не треба да се зготват, но се на едно од првите места на храната која ќе ви го зголеми обемот на половината.
Месо, риба, јајца и други белковини од животинско потекло. Точно е дека мали количини од овие намирници ќе ве заситат и едвај ќе се прилепат на колковите и бутовите, но ќе бидат потребни 4 часа за нивна обработка и апсорпција на хранливите материи. И кога ќе си легнете храната не е преработена и почнува да се разградува во гастроинтестиналниот тракт.

Леб, кифлички и други тестенини. Тие пак се обработуваат брзо во организмот, но предизвикуваат зголемување на шеќерот во крвта и производство на инсулин во одговор на зголеменото ниво, а бидејки не вршите физичка активност туку се спремате да си легнете, ќе се наталожат масти во масните депоа. Пред спиење  заборавете на чоколадото, бонбоните и на тестенините. Каснете си чоколадото наутро, тогаш ќе ви биде потребна многу енергија за во текот на денот.

Ореви и суво овошје – знаеме дека се корисни, но тоа е висококалорична храна. И тоа оставете за утрешниот ден. И само во мали количини!
И ако веќе мислите дека не останало ништо – не е вистина. Каснете салата од марула, од рукола, зелка, целер, парченце тофу, малку обезмастен јогурт , голтка зелен чај без шеќер. Или пак можете да испиете и чаша минерална вода и да сфатите дека не сте толку гладни, а ви се пријадува по навика.
 Повеќе совети можете да најдете на najadise.mkНа прво место: чипсови, пуканки, бисквити (солени и слатки), вафли, суви пасти. Тие се секогаш при ра

Пронајдете не на следниве мрежи: