Вчера ВМРО-ДПМНЕ ја реафирмираше својата позиција во однос на настаните од 24ти декември минатата година, каде јасно кажавме дека нашата позиција, и тогаш и сега, и тоа е конечен наш став е дека на 24ти декември СДСМ во неколку наврати го прекрши уставот во обид за насилно превземање на власта и создавање хаос од кој тие се надеваа дека ќе излезат со политички профит за нивната партија и пред се за креаторот на настанот, рече на прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Во прилог прочитајте го интегралниот говор на Груевски од денешната пресконференција:
Кажавме и дека ВМРО-ДПМНЕ делуваше во правец на одбрана на уставот и демократските вредности, и институциите постапија согласно уставот. Тоа е и вистината, која и најголемиот број граѓани ја препознаа, и не беше случајно што три месеци подоцна по 24-ти декември, иако СДСМ целата своја изборна стратегија ја темелеше на база на наше обвинување пред народот дека на 24ти декември сме го прекршиле уставот и законите, загуби со резултат 58:4, или 140 илјади гласови разлика, нешто што досега не се забележало на било кои локални избори во Македонија.
Да потсетам, на крајот како излез од ситуацијата предложивме две алтернативни решенија. Едното ад хок комисијата да изгласа каков сака извештај со 3:2 и на тој начин, иако тоа за нас ќе биде партиски извештај, ќе го запазиме интересот на Република Македонија во однос на ЕУ, и опасноста од губењето на препораката од ЕК доколку нема извештај од комисијата за 24ти декември.
Второто, да потпишеме две верзии на извештајот за 24ти декември, и тоа едната според нашето, другата според нивното видување, и да одиме на избори веднаш и изборите да завршат пред објавувањето на извештајот на ЕК, па на тие избори нека реши народот, кого ќе подржи и чии правни квалификации ќе се конечни. Во текот на преговорите понудивме и многу други опции, меѓу кои и за тоа кој го прекршил уставот да се изјасни уставниот суд.
Од страна на Меѓународната Заедница беше даден и еден предлог да се изгласа дека извештајот заеднички го усвојуваме, но во делот на правните квалификации имаме различни мислења. Ни беше кажано дека тоа е прифатливо за Брисел.
Понудивме и над 70 конкретни формулации во кои имаше доволно простор за СДСМ да не се најде усрамена.
Се одбија.
Денеска, доцна попладне, на прес конференција, СДСМ преку Радмила Шеќеринска категорично ја отфрли можноста од алтернативата за предвремни парламентарни избори. Додаде и дека со сите расположливи сили ќе се спротивстават на оваа идеја, со сите расположливи средства. Додаде и ако има такви избори тие ќе ги бојкотираат и ќе се трудат да ги попречат.
За причина за тоа наведе дека тоа ќе биле криминални избори како што биле претходните.
Сепак, на сите им е јасно дека вистинската причина за ваквиот став е што СДСМ знае дека нема поддршка од големото мнозинството граѓани ниту за ставот за 24ти декември, ниту за останатите нивни политики и активности. Оваа бранкова гарнитура на СДСМ неповратно и со право ја загуби довербата на граѓаните, и дополнително секојдневно ја губи со водењето на деструктивните за државата политики, политики каде почетна точка е нивниот личен, а потоа и партиски интерес, а не државниот и заедничкиот интерес. Со други зборови, стравот дека катастрофално ќе ги загубат изборите е вистинската причина, а не измените на изборниот закон. Нема да ги потсетувам СДСМ какви беа законите, кога во 90тите тие носеа победи, но јас ќе ги потсетам дека со многу полош од овој закон, во време кога бевме во опозиција, во 2006тата, победивме и формиравме влада. Од тогаш па наваму 4 пати го менувавме и подобрувавме законот согласно сите стандарди и укажувања, ама сеуште не сме направиле закон со кој СДСМ ќе мора да победи, макар и народот да не го сака тоа.
Македонија е неповратно внесена во демократија, и нема сила што може да го спречи народот ако реши некој да смени или пак да го доведе на власт, да не го направи тоа.
Оттука јасна е и бруталноста со која ја отфрлија оваа алтернатива, давајќи до знаење дека со сите средства ќе се борат да ги спречат тие избори. Така, на 24ти декември минатата година беа решиле со сите средства да го блокираат парламент и насилно да ја превземат власта. Тие средства повремено ги нарекуваат и демократски средства.
Како и да е, од нивниот прес, видовме таков страв од нов пораз на избори, што ми укажува дека свесни се дека народот не ги поддржува, но немаат идеја како да го променат тоа.
И конечно, се сеќавате ли дека кога се објави договорот на први март оваа година, членството на СДСМ беше повикано пред штабот на СДСМ да играат оро. Има снимки, медиумите сигурно ги имаат. И луѓето играа оро, бидејки Бранко излезе со триумфално тврдење дека се тие победници, затоа што ВМРО-ДПМНЕ се обврзал за предвремени избори во септември. Каква пародија. Сега излезе џабе орото. И не само тоа, туку ВМРО сака избори, а СДСМ бега од избори како ѓавол oд темјан. Во однос на втората алтернатива, каде понудивме да не надгласаат во комисијата и да донесат каков сакаат извештај, само со цел Република Македонија да не трпи штети, добивме еден збунувачки одговор. Имено одговорот е дека извештајот морало да биде со консензус изгласан, и само така ЕУ ќе го прифатела.
Ако е така, јавно ги прашувам:1. Зошто цели 6 месеци не дозволувавте да се формира оваа ад хок комисија, бидејки инсистиравте претседателот на комисијата да е од вашите редови, а сега велите дека одлуките се носат со консензус. На крај Ви прифативме Ваш член кој беше и член на ЦО на СДСМ. Зошто на Македонија и утепавте цели 6 месеци за тоа вие да го предложите третиот член, ако извештајот морало да се усвои со консензус?2. Откога се формираше комисијата, ние предложивме во деловникот да стои дека одлуките се донесуваат со консензус. Категорично не одбивте. Го имше тоа и во медиумите, и има ваши јавни изјави за тоа. Го прифативме и тоа, и на крај заеднички усвоивме деловник за работа на оваа ад хок комисија, во кој се прифати комисијата да работи со надгласување.
Зошто не малтретирате и нас и народот, а себеси се бламирате пред јвноста менувајки ги јавно вашите ставови од час во час.
Конечно, како сакате народот да почне да ви верува, кога постојано ги менувате своите јавно изречени ставови?
Дами и Господа,
Денеска по прес конференцијата на СДСМ повторно ја разгледавме новонастанатата ситуација. Што да се направи во една ваква ситуација?Народот не е виновен што имаме ваква опозиција за која вчера благо кажав дека е раштиман оркестар, и е целосно дезориентирана и крајно деструктивна. Сепак, во една ваква ситуација, народот, граѓаните со право би рекле, па ние ви ја дадовме довербата вам, а не ним, и сега вие справувајте се со нив. И тоа е така. Наша е одговорноста за решавање на проблемите, вклучително и оние кои ги создава СДСМ, и нема бегање од тоа. Ние сме тие кои ни е доверена улогата да ја чуваме и заштитиме државата во вакви ситуации, и да ги спречиме штетите кои сите би ги почуствувале. Затоа, ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука, во интерес на државата, и по цена на сопствена штета, да гласа и да потпише извештај на ад хок комисијата, каков што сака СДСМ. Нека ги напишат нивните правни квалификации на кои застанавме, и ако тоа ги исполнува, не со надгласување, туку ние ќе им ги изгласаме заедно со нив.
Ако ним не им е важен интересот на Македонија, нам ни е важен.Се разбира дека за нас и за најголемиот дел од граѓаните во Македонија, тие правни квалификации нема да се ниту валидни, ниту ние се согласуваме со нив, но во интерес на државата, како партија со најголема доверба од народот, и најбројна по членство во државата, и партија која неслучајно 7 пати по ред ја добива довербата на мнозинството граѓани, ќе подметнеме грб, и се ќе изгласаме и се ќе им потпишеме.
Ако неможат да се израдуваат на изборен резултат, нека се радуваат барем на овој извештај, на кого никој нема да му верува во делот на правните квалификации.
Препораките во извештајот за кои немавме разлики доколку и нив не ги изменат, ќе ги спроведеме доследно, онака како што ги договоривме. Препораките треба да се во функција да не се повтори овој настан, и тоа е она што Брисел најмногу го интересира. Правните квалификации, за кои пак најмногу е заинтересирано ова изгубено во просторот и времето раководство на СДСМ, ќе ги изгласаме и потпишеме по нивни терк, но нашот став никогаш нема да го промениме. Тој дел од извештајот за нас и за мнозинството граѓани во Македонија ќе биде невалиден, потпишан под уцена, и тоа уцена од која штета би имала Република Македонија, и сите нејзини граѓани.
ВМРО секогаш во преден план го имал интересот на Македонија. Така и ќе остане.
За крај или како што се пишува во писмата Пост Скриптум:Ако по оваа прес конференција, ако до утре СДСМ се предомислaт за предвремени парламентарни избори пред извештајот на ЕУ, ние сме тука, и подготвени на тоа. Само нека јават, и нашите пратеници ќе пристигнат.Во прилог прочитајте го интегралниот говор на Груевски од денешната пресконференција:
Кажавме и дека ВМРО-ДПМНЕ делу